Сајт за запознавање призна дека „лажирал“ голем број од своите профили

Еден британски сајт за запознавање, во средата им призна на американските регулатори дека има направено голем број лажни, компјутерски генерирани профили за да ги намамат корисниците да го надградат своето членство.Федералната комисија за трговија, во својата акција за спроведување на законот кај сајтовите кои нудат услуги за запознавање, изјави дека постигна договор со компанијата JDI Dating Ltd, која е одговорна за водењето на сајтовите cupidswand.com, flirtcrowd.com и findmelove.com.
Компанијата се согласи да плати 616.165 долари, како и да престане со користење на лажни кориснички профили.
Според FTC, сајтовите нуделе дел за бесплатно користење во кој им е дозволено на корисниците да отворат профил со лични податоци и фотографии.
Но, кога корисниците направиле бесплатен профил, почнале да добиваат пораки од други членови кои наводно „живеат во близина“ кои изразувале романтичен интерес за нив. Со цел да се поврзат со овие фиктивни членови, корисниците морале да ги надградат профилите и да плаќаат месечно членство по цена помеѓу 10-30 долари.
Надлежните лица од FTC, изјавија дека пораките речиси секогаш биле испраќани од лажни, компјутерски генерирани профили кои имитирале профили на вистински луѓе. Лажните профили биле обележани со „v“, што укажува на тоа тие се виртуелни профили, но повеќето корисници не го забележале тоа, или не знаеле за што служи ознаката.
– JDI Dating користи лажни профили за да ги натера луѓето да мислат дека контактираат со личност која има слични љубовни интереси и за да ги намами да плаќаат членство – вели Џесика Рич, директор на FTC за заштита на потрошувачите.
Исто така, страницата не успеа да им каже корисниците дека нивните претплати автоматски ќе се обновуваат и дека ќе продолжат да им наплатуваат додека тие самите не ја откажат опцијата.
Компанијата се согласи да запре со лажните претставувања и да ги откаже сите досегашни склучени договори за наплата.Федералната комисија за трговија, во својата акција за спроведување на законот кај сајтовите кои нудат услуги за запознавање, изјави дека постигна

Пронајдете не на следниве мрежи: