Ако овие денови на своите Твитер или Фејсбук профили можевте да ја видите фотографијата од постар маж како руча во еден калифорниски ресторанза брза храна, би требало да ја знаете приказната позади овој вирален хит кој трогна милиони луѓе ширум светот.Имено, на фотографијата која брзо се прошири на социјалните мрежи, може да се види пензионер кој веќе 5 години на ручек носи фотографија од својата почината сопруга, со која беше во брак дури 55 години.
Љубопитните луѓе кои досега неколку пати го фотографирале и го прашале кој е на сликата, при што добиле одговор дека тоа е неговата сродна душа, што ја запознал на 17-годишна возраст.
Кога се вратил од бојното поле, неговата девојка со родителите се преселила од Калифорнија, а тој следните 10 години ги поминал во потрага по неа.
При посетата на една берберница, тој открил дека ќерката на сопственичката на бербеницата е жената која долго ја барал, но набрзо дознал дека и таа го барала. Ја запросил и следните 55 години ги поминале заедно во среќен брак.
За жал, неговата сопруга починала во 2009 година, а мажот од тогаш секој ден носи барем една нејзина фотографија, го одбележува нејзиниот роденден и ги прославува годишнините.
Фотографијата прво беше објавена од Мадина Башиздуах, а откако од нејзиниот профил на Твитер се прошири низ социјалните мрежи и медиуми, се појавија и други фотографии од лица кои се сретнале со старецот и кратко разговарале со него. Имено, на фотографијата која брзо се прошири на социјалните мрежи, може да се види пензионер кој веќе 5 години на ручек носи фотографија од својата



