ПОТРЕСНО: Ќе си го одземе животот за три дена, но успеала да доживее да и се исполни последната желба

Иако решила да си го одземе животот на 1 октомври, Британи Мејнард (29) не се одкажала од желбата да го посети Големиот кањон во Колорадо. Оваа Американка има агресивен облик на тумор на мозокот, и донела свесна одлука  да не дозволи болеста да ја убие, туку самата да си го одземе животот со лекарства  – и тоа сосема лесно. Една од работите кои сакала да ги види пред тој датум е и ова чудо на природата.Британи на почетокот на овој месец објавила дека ќе си го одземе животот со лекарства на 1 ноември, пред симптомите на агресивниот тумор да станат неподносливи. Тогаш нагласила дека многу сака да патува и дека една од големите желби  и е да го посети Големиот кањон во Колорадо. Благодарение на „добрината на Американците ширум земјата кои се потрудиле да и се оствари оваа желба“, како што вели, успеала да отиде до таму со сопругот, мајката и очувот, и сето тоа само неколку дена пред да стави крај на својот живот.
„Кањонот го одзема здивот со својата убавина, а јас добив прилика да уживам  во двете работи кои најмногу ги сакам: во природата и семејството“, напишала таа на својот сајт.

Несреќната Британи очигледно уживала во ова патување, бидејќи на сликите на ја симнува насмевката од  лицето. Прегрнувајќи се со сопругот, мајката и очувот, Британи делува навистина среќна на сликите. Но, само ден подоцна- го доживеала најголемиот напад  до сега.
„За жал невозможно е да заборавам дека имам рак. Сериозни главоболки и болка во вратот никогаш не исчезнуваат, а за жал следното утро го имав најсилниот напад до сега. Прилично долго ми беше парализиран говорот откако се освестив, и чувството на несвестица  се продолжи  во текот на целиот ден“, пишува Британи.

Таа завршува нагласувајќи дека сега сфатила дека нејзиниот живот имал цел, а тоа е борбата за правата „на секој Американец кој е смртно болен да умре со достоинство“. Само во четири држави со закон е дозволено самоубиство во вакви случаеви, и тогаш докторите им препишуваат на пациентите  смртоносни лекарства – кои можат да ги испијат кога сакаат. За да може да го стори тоа, Британи се преселила во Орегон. Сега се бори тоа право да го имаат сите кои имаат смртоносна болест.
Мојата тага се концентрира околу фактите дека многу сакав да имам семејство. Зад себе оставате нешто преку децата. Но сфатив и дека на овој начин оставам нешто зад себе, и воопшто не се срамам моето име да се поврзува со нешто  во што навистина верувам“, рекла Британи за СВЅ.

„Не сакам да умрам. Доколку некој сака да ми даде лек со кој ќе се излечам и кој ќе ми пружи шанса да имам деца со својот сопруг, со задоволство ќе го земам“, објаснува Британи. Таа со совојата мајка се договорила,  доколку Деби отиде на Мачу Пикчу откако ќе почине Британи, тие две повторно ќе се сретнати дека духот на нејзината ќерка ќе ја чека помеѓу градбите на Инките.
Иако на сите им био тешко да ја прифатат одлуката на Британи, тие сега во потполност ја разбираат и поддржуваат. Ден  е посебно тажен бидејќи нема да може да го помине остатокот од животот со жената која ја сака, а со која се оженил пред само година дена.Британи на почетокот на овој месец објавила дека ќе си го одземе животот со лекарства на 1 ноември, пред симптомите на агресивниот тумор да станат

Пронајдете не на следниве мрежи: