Доколку мислите дека проколнатите куќи се страшни , тогаш не сте ѕирнале во МеКамеј во Сан Диего каде ќе видите се само не духови.Не се работи за обична забава за оние кои сакаат малку да им се размрда адреналинот, туку вистински хорор кој ќе го преживеете четири до седум часа додека сте врзани, со затнати усти и натопени со крв, а наместо вампири и вештерки тука се „мачители“ кои ладнокрвно пушат цигари за време на тортурата.
Се работи за најекстремната проколната куќа на светот која своите посетители ги изложува на тортура- ги хранат на сила, ги јаваат, им врескаат во лице или ги затвораат во тесни кутии.
Звучи како најлошата ноќ која можете да ја поминете во животот. Но, изгледа дека не е баш така бидејќи на листата на чекање да влезат во овој хорор се наоѓаат дури 24.000 луѓе – некои би рекле мазохисти.
Еден брачен пар решил да се упати во МеКамеј Мејнотр веднаш по венчавката бидејќи најдобриот начин да ја поминете првата брачна ноќ е во кревет со змии или со јадење расипани јајца.
Доколку и понатаму сметате дека можете да го издржите ова, фрлете поглед на фотографиите…
На интернет се појавил и трејлер како изгледа да бидеш заробен во ваква проколната куќа и предизвила прилично бурни коментари. Еден од гледачите прашал како луѓето можат да го кажат „сигурносниот збор“ (дека се откажуваат) кога устите им се затнати.
„Хаха го сфаќаш ова премогу сериозно, но те разбирам. Кога личноста е одбрана да влезе во во куќата и откако ќе ги помине тестовите, играта почнува. Луѓето кои сакаат да влезат се парови љубители на проколнати куќи кои веќе не се плашат на типичното ‘бу’. Па така, ние им покажуваме како навистина изгледа да бидеш прогонуван. , но мораме да бидеме сигурни дека и психички можат да го издржат тоа. Јас исто така сум на секој чекор зад гостите, ги снимам и тука сум да набљудувам се да биде безбедно“, рекол еден од организаторите.
По сето ова, оние духови од плакарот делуваат смешно.
Не се работи за обична забава за оние кои сакаат малку да им се размрда адреналинот, туку вистински хорор кој ќе го преживеете четири до седум часа



