Ова е приказна од која ќе ви се замрзне крвта во вените. Ја раскажа човек кој повеќе од 20 години ги подготвува телата на починатите за погреб. Вели дека никогаш порано не доживеал нешто вакво…Неговата приказна за која се тврди дека е автентична, ја објави сајтот bosnjak-ks.com.
Ви пренесуваме еден дел од нив…
Муслиманите имаат обврска да го искапат телото на починатиот пред да го закопаат. Човекот кој доброволно ги капе мртвите (без никаква парична награда), раскажа што му се случило лично на него:
Ме повикаа во канцеларијата и ми кажаа дека на таа и таа улица, во таа и таа куќа умрел човек, па ако можам да дојдам до ќуќата и да завршам што треба. Кога дојдов до куќата видов дека се работи за богато семејство. Влегов во куќата и останав без текст. Се беше со стакло и мермер, голем дел од работите беа позлатени. Човекот бил милионер. Кога влегв во собата во која тој лежеше мртов на креветот неможев да се снајдам бидејќи се беше со огледала. Додека одев на подот можев да ги видам своите табани и лице, се беше со огледала. На средина на собата имаш голем кревет покриен со свила. На креветот лежеше тој а околу него три слугинки од различна националност. Се доближив до креветот и го отскрив од белиот чаршав со кој тој беше покриен. Починал пред еден час. Кога го открив неговото лице една мравка излезе од неговиот нос, потоа почнаа да излегуваат многу мравки, влегуваа од устата а излегуваа од ушите, одеа преку лицето и повторно истото.
Се изненадив…
Ги повикав неговите синови да ми помогнат околу капењето, меѓутоа тие одбија, само еден негов внук се согласи да ми помогне…
Така во чаршав го земавме и го ставивме во када која претходно ја наполнивме со вода. Неколку пати целосно го потопив за мравките да излезат од неговото тело. Навистина така беше, кога и да го потопев мравките излегуваа од неговите уши нос и уста. Така правев се додека телото не му се очисти од мравките, ги собрав со раката од површината на водата и ги фрлив надвор.
Никогаш претходно немав видено нешто вакво , сум избањал повеќе од стотина тела , но вакво нешто не сум видел, на после само еден час после смртта од телото да излегуват животни. Четири ноќи не можв да заспијам постојано ми беше неговата слика пред очите.
Беше како што беше, неговите синови не беа расположени за разговор. Седнав во автомобилот со внукот кој ми помогна околу капењето, па му реков:
„Ова што го видовме јас и ти околу мравките, на никој нема да го кажеме, но јас веќе 21 година капам мртовци но ова никогаш не сум го видел, каков беше твојот дедо?“
Внукот тогаш рече дека со сигурност знае дека ја удирал и тепал неговата мајка. Ја удирал толку силно, а таа му викала – вака ни животно не се удира. Се сеќавам еднаш дека толку ја истепа што неговите деца кои тогаш веќе беа возрасни, ја однесоа во полиција да го пријави. Кога дојдоа таму таа изјавила дека нејзините внуци не ја кажуваат вистината и дека нејзиниот син не ја тепа….
Тоа е срцето на мајката, и било срам да се чуе дека нејзиниот син е насилник и ја тепа, па ја трпела сета болка и ударите од него…
Се се случува 72 часа пред смртта – Еве што луѓето пред да умрат!Неговата приказна за која се тврди дека е автентична, ја објави сајтот



