Г-дин и г-ѓа емоционални вампири: Знаат само да ви го ОТЕЖНАТ животот!

„Господин Негативен“ ги гледа само лошите работи, „Госпоѓа Немам Среќа“ ја користи секоја прилика да се жали, додека „Господин Неволја“ постојано упаѓа во проблеми.Веројатно имате налетано на овие луѓе, па затоа решивме да издвоиме седум најголеми емоционални вампири од кои би требало да се држите на дистанца.
Господин Негативен
Не ми се допаѓа тоа. Сигурно ја добил работата преку врски. Никогаш нема да успееш – ова се неговите омилени фрази.
Овој тип луѓе не ја гледаат позитивната страна од работите, сакаат да префрлуваат нешто и по дружењето со нив се чувствувате емоционално исцрпени. Ним чашата им е секогаш полупразна и секогаш се обидуваат да ги вовлечат и другите во тој свет.
Госпоѓа Во се` морам да бидам прва
Нов автомобил, далечни патувања – овој тип луѓе мораат да имаат буквално се` и сакаат на другите да им го тријат тоа во лице. Ја искористуваат секоја прилика за да се пофалат со својот најнов успех. Секогаш се ставаат на прво место, а истото го очекува од останатите. Не се стискаат да бараат услуги, но кога другите им се обраќаат за помош – едноставно исчезнуваат!
Господин Неволја
Овие луѓе постојано упаѓаат во неволји. Тие постојано бараат пократок пат и најбрз начин за решавање на работите, без да вложат трошка труд. Тие не сакаат обврски, не сакаат максимално да се ангажираат и не се грижат дали со нивното однесување можат да им наштетат на другите.

Манијак за журки
Овие луѓе обожаваат да се забавуваат, а од другите очекуваат да им ги завршат обврските. На социјалните мрежи изгледа како да го живеат животот од соништата, но всушност ја користат секоја прилика за да избегаат од стварноста. Не поднесуваат одговорност и покрај годините, се однесуваат како деца.
Господин Го заборавив твојот роденден
Вие секогаш ќе се сетите на нивниот роденден, годишнина или било која друга прилика, но кога ќе дојдете на ред – едноставно сте заборавени. Најчесто се правдаат дека се едноставно такви, но забораваат дека со таквата постапка можат да ги повредат другите. Сакаат да бидат во центарот на вниманието, но не се подготвени да се жртвуваат за другите.
Госпоѓа Копија
Ако вие имате супер маичка и таа ја сака. Вие си купивте ново милениче, таа во истиот момент ќе оди да си купи исто. Ова сценарио совршено ги опишува луѓето кои што во се` гледаат прилика за натпреварување. Постојано копнеат по пофалби и не им е гајле што ги крадат идеите на другите. Во се` гледаат конкуренција.
Госпоѓа Немам среќа во животот
Зошто не можам да напредувам? Зошто секогаш ми се случуваат лоши работи? – Ова се најчестите фрази кои излегуваат од нивните усти. Овие луѓе постојано ја користат скеоја прилика за да спомнат колку им е тешко во животот. Тие мислат дека сите сe против нив, но не им паѓа на памет дека самите се кројачи на својата судбина.Веројатно имате налетано на овие луѓе, па затоа решивме да издвоиме седум најголеми емоционални вампири од кои би требало да се држите на д

Пронајдете не на следниве мрежи: