Зрењанин – Семејството Капаш – Рајак после 18 години доби сознание дека нивниот син, за кого во породилиштето во Зрењанин им кажале дека умрел веднаш по раѓањето , всушност е жив. Кога пред неколку дена им стигнал повик нивниот син да се јави во воениот оддел поради запишување во воената евиденција, семејството Капаш – Рајак најпрво било убедено дека станува збор за грешка, бидејќи нивниот син се уште не е полнолетен.Шокот следел кога кога дознале дека нивниот повик е наменет за постариот син, кој умрел веднаш по раѓањето на 31 декември во 1996 година. Уште повеќе биле шокирани кога дознале дека нивното дете за кое мислеле дека е мртво во општината поседува официјални документи.
„Излезе уверение дека е државјанин на Република србија и извод од матична книга на родени. Како е тоа можно јас навистина не знам“, вели мајката Јоланка Капаш .
Таа во 1996 година родила близнаци, девојче Драгана и момче Срѓан, кои веднаш биле сместени во инкубатор. За момченцето и рекле дека умрело веднаш по раѓањето. 18 години подоцна Јоланка се сеќава на цудната ситуација во породилиштето. За тоа сведочи и Вера Петровиќ, која тие денови исто така се породила во зењанското породилиште.
„Видов како сестрата го зема детето в раце, а само тие двајца беа, и штом го зема детет во раце почна да плаче. Кога ме виде, му го покри лицето со пелена и тргна надоле по скалите и излезе“, раскажува Петровиќ.
Мајката на исчезнатото дете исто така се присетува на случувањата од породилиштето.
„Кога отидов до собата, Драгана беше во инкубатор, а малечкиот не беше. Онаа алка беше таму во инкубаторот. Значи одговорно тврдам дека бебето некој го украде. За 10 – 15 минути дојде таа докторката Тијана Ѓуриќ и ми се обрати со овие зборови – девојчето ви е добро, момчето ви умре“ , вели мајката Капаш.
Јоланка и нејзиниот сопруг тврдат дека во породилиштето не добиле никаков документ дека детето починало.
„После тоа побарав да го видам лешот, за да се уверам дали умрело детето или не, но тие не ми дозволија да го видам“истакнува таткото Драган.
Драгана Капаш верува дека нејзиниот брат е жив и вели дека нема да се откаже од потрагата п него.
„Значи сега додека зборуваме за него, јас имам чувство дека тој е жив“, вели таа.
Јоланка и Драган, во меѓувреме дознале дека нивниот син наводно живее во Германија. Случајот го презема Обвинителството.
Шокот следел кога кога дознале дека нивниот повик е наменет за постариот син, кој умрел веднаш по раѓањето на 31 декември во 1996 година. Уште пове



