Никој не сака да има голем стомак, но покрај тоа што не изгледа претерано секси, салото на стомакот може сериозно за го наруши вашето здравје. Масните наслаги всушност можат да вршат притисок на панкреасот, а многубројни студии покажале дека луѓето кои имаат масни наслаги на стомакот, имаат поголем ризик за срцев удар. Затоа, погледнете од кои намирници сигурно ќе добиете стомак.Овие намирници уште денес отстранете ги од дневното мени:
1. Пржена храна
Пилешките прсти и помфритот се најомилените мезиња кои секојдневно ви ставаат по некој сантиметар околу струкот. Ваквата храна е вкусна, но и полна со натриум и масти кои се лепат за стомакот.
2. Газирани пијалаци
Ако пиете вакви сокови секојдневно, буквално си го уништувате своето тело. Имаат огромен број на калории, а никакви хранливи вредности. Затоа, многу подобра опција е обичната вода, а за малку подобар вкус можете да додадете парче лимон.
3. Рафиниран шеќер
Рафинираниот шеќер го зголемува нивото на шеќер во крвта, а наталожувањето на маснотии станува сè полесно. Шеќерот исто така влијае и на имунитетот, па организмот потешко се бори со бактериите и вирусите. Не само што е нездрав, туку и докажано доведува до поголем, непривлечен стомак.
4. Бело брашно и ориз
Белите јаглехидрати се веќе обработени, па заради тоа организмот уште побрзо ги преработува, што е убиствено за линијата на струкот. Наместо нив, одберете интегрални намирници кои се прават од цело зрно.
5. Алкохол
Не бадијала масните наслаги околу стомакот се нарекуваат „пивски стомак.“ Сепак, неважно е дали ќе претерате со жестоките пијалаци, пивото или виното. Алкохолот го забавува процесот на разградување на мастите, но и го забрзува процесот на стареење. Виното и пивото ви носат многу непотребни калории, заради што би требало да ги избегнувате.
6. Храна „богата“ со натриум
Храната која е „богата“ со сол треба да ја избегнувате од една единствена причина – таа ја задржува водата во организмот, па заради тоа вашиот стомак изгледа подуено. Затоа, научете се на помалку солениот вкус.Овие намирници уште денес отстранете ги од дневното мени:
1. Пржена храна
Пилешките прсти и помфритот се најомилен



