ТОП 50 работи кои предизвикуваат најмногу стрес кај луѓето

Секоја генерација има свои искушенија и предизвици со кои мора да се соочи. Како што стојат работите, главните проблеми на современиот човек се стресот и брзото темпо на живот.Скоро 55% од луѓето тврдат дека животот денес е постресен за живеење, отколку пред 10 години. Секој петти човек чувствува притисок на дневна база, што најчесто предизвикува главоболки, хроничен умор и несоница. Третина од луѓето се имаат разболено од преголем стрес. Проблемите со компјутерот и интернетот претставуваат најголем стрес во модерното време, потврди студијата на фармацевтската компанија „Nurofen Express“, која беше спроведена на над 2.000 луѓе, пишува Daily Mail.
Ова е листа на топ 50 работи кои предизвикуваат стрес:
1. „Замрзнување“ на екранот на компјутерот
2. Телефонски анкети
3. Бавно Wi-Fi
4. Гужви во сообраќајот
5. Луѓе кои заземаат две паркинг места
6. Доцнење на јавниот превоз
7. Несакана електронска пошта
8. Чекање на телефон
9. Луѓе кои што фрлаат отпад од автомобилот
10. Возачи кои што не користат трепкач
11. Дупки на патот
12. Кога ќе стапнете во измет
13. Луѓе кои не велат „благодарам“ кога ќе им ја придржите вратата
14. Пораст на трошоците за живот
15. Непослушни деца во ресторан
16. Нељубезни трговци
17. Детски вресоци
18. Потрага по совршениот стан
19. Луѓе кои што зборуваат точно пред влезот во зградата и морате да ги заобиколувате
20. Луѓе кои откажуваат договори
21. Бучни соседи
22. Ријалити емисии
23. Поправки на патот
24. Луѓе кои што се туркаат преку ред
25. Загубена пошта

26. Компјутерски жаргон
27. Заборавени шифри
28. Даноци
29. Луѓе кои зборуваат гласно во јавниот превоз
30. Луѓе кои возат велосипед по тротоарите
31. Барање на „почетокот“ на селотејпот
32. Луѓе кои влегуваат во јавниот превоз пред да излезат другите
33. Луѓе кои бавно се движат
34. Луѓе кои зборуваат во кино или театар
35. Цена на картите за јавниот превоз
36. Оштетена роба што сте ја нарачале преку интернет
37. Џвакање мастики со отворена уста
38. Дополнителни такси во авио-превозот
39. Мајки кои на Фејсбук нон-стоп објавуваат фотографии од своите деца
40. Гужва на патот и возење зад трактор или камион
41. Велосипедисти на магистралните патишта
42. Плаќање на сметки
43. Сообраќајни камери
44. Мотоциклисти кои преминуваат од една сообраќајна лента во друга
45. Недостаток на ситни пари за паркинг
46. Тролови на интернет
47. Партнер кој што `рчи
48. Прегласна музика
49. Луѓе кои зборуваат додека гледате телевизија
50. Чекање во ред за каса во супермаркетитеСкоро 55% од луѓето тврдат дека животот денес е постресен за живеење, отколку пред 10 години. Секој петти

Пронајдете не на следниве мрежи: