Билките чувствуваат кога ги јадеме?!

Билките се интелигентни, познато е тоа, но според ново остражување спроведено на Универзитетот во Мисури, САД, билките чувствуваат „напад“ кога ги јадеме и тие се обидуваат да се одбранат, пренесува „Business Insider“.  Истражувањето е спроведено на билката „Arabidopsis“, која е во сродство со брокулата и кељот и често се користи во ваквите експерименти.
Научниците во текот на истражувањата во близина на билката пуштиле снимка од вибрации, кои ги испушта гасеница додека ја јаде билката и според добиените резултати, се чини дека билката слуша и чувствува вибрации и реагира на нив, затоа што тоа за нив претставува стрес.
Потоа научниците во близина на билките пуштиле други звуци од природа и ја пратиле реакцијата на билките, а се открило дека при звукот на гасеницата, тие се обидуваат да се одбранат.
„Претходните, слични, вакви истражувања за тоа како билките реагираат на звуци, посебно на музика, покажале дека билките чувствуваат, а ова истражување отиде чекор подалеку и покажа дека звукот кој го испушта гасеницата додека јаде, стресно дејствува на билката, го менува нејзиниот метаболизам и влијае на создавањето на „одбранбени хемиски супстанци“, објаснува Хајди Апел, научникот што учествуваше во истражувањето.  Истражувањето е спроведено на билката „Arabidopsis“, која е во сродство со брокулата и кељот и често се користи во вак

Пронајдете не на следниве мрежи: