Што би направиле вие на негово место?Општо е познато дека денес се се одвива во големите градови и дека оној кој сака да успее мора да се пресели во поголема средина. Но се повеќе луѓе сакаат да бидат во селата со свеж воздух и таму каде што има помалку стрес.
Марко претходната година наполнил 33 години. Во Скопје се доселил кога имал 19 години. Секогаш бил амбициозен и лесно дошол до висока позиција во компанијата. На 24 години некој да му понудел плата и позиција каква што има денес тој веднаш би прифатил, но работите не се секогаш онакви какви што ни личат.
Тој пораснал на село и колку што му дозволувале обврските го посетувал родното место, а како што времето поминувало се помалку мислел на тоа. Бил под огромен стрес, дали ќе ги исполни очекувањата на претпоставените.
Марко цело време бил под стрес, почнал да посетува терапии и се отуѓил од семејството. А еден ден кога се враќал од работа пронашол писмо кое му стигнало од една адвокатска канцеларија. Кога го отворил видел дека станува збор за тестамент од неговиот дедо. А кога видел кога е пратено сфатил дека е 6 месеци по неговата смрт.
Писмото било следно:
Марко како што знаеш, едниствен наследник си ти. Се е препишано на тебе, куќата, земјата, шумата…Пред тебе е понуда на која мораш да одлучиш до утре- Ако сакаш да ја напуштиш работата која ја работиш и платата која ја имаш и да дојдеш на село да работиш, на сметката ќе имаш убава сума на пари која ќе ти помогне на почетокот, како и инструкции како да работиш. Ако сакаш да се тргнеш од стресот, и луѓето кои се газат едни преку други и лажните насмевки јас ти давам излез. На тебе е да одлучиш. Изборот е твој.
Марко во едната рака го држел мобилниот на кој стигнувале меиловите, а во другата писмото…
Што би направиле да сте вие на негово место?Општо е познато дека денес се се одвива во големите градови и дека оној кој сака да успее мора да се пресели во поголема средина. Но се повеќе луѓе



