Шарлот Фикорис барала нешто што за секоја мајка е назамисливо- да и ја убијат ќерката. Оваа храбра жена го чувала своето болно дете 12 мачни години, па затоа решила да го заврши страдањето на ќерката Ненси и конечно да и го донесе мирот кој го заслужува.Малата Ненси е родена слепа со хидроцефалус, менингитис и септикемија. Поради тоа девојчето не можело да оди, зборува, јаде или пие. Нејзиниот живот бил толку лош што и била потребна 24-часовна нега, а храната, водата и лекарствата ги примала преку цефче. Здравјето и се влошило до таа мера што ни морфиумот не и ги ублажувал болките. Ненси со часови врескала во агонија, поради што Шарлот решила да напише изјава до судија, со чија помош би можела да го одземе животот на ќерка и и така да ја спаси од мачењето.
Судот донел конечна одлука
„Мојата ќерка повеќе не е онаа истата, сега е само сенка од она што беше. Исчезна светлината во нејзините очи, а во во нив се всели страв и потреба за мир. Денес ви се обраќам во името на Ненси, бидејќи сметам дека доволно страдаше. Ми се кине срцето поради тоа, но морам да ставам крај“, изјавила Шарлот.
Судијата ја уважил молбата на Шарлот, а Нанси починала две недели подоцна во болница окружена со семејството.
Два дена пред породувањето на Шарлот и рекле дека ќе роди болно дете, бидејќи во крвта имала Стрептокока од групата Б. Овие бактерии не биле лечени во текот на бременоста, бидејќи Шрлот воопшто не знаела дека ги има.
„Кога дознав дека состојбата на моето дете можела да се спречи само со најобични антибиотици , бев скршена од болка. Моето дете е родено слепо, со менингитис и септикемија. На 6 месеци доби епилептичен напад. Срцето ми се кршеше додека го гледав своето дете како поминува низ страшни болки. Постојано одевме по болници, нејзиниот организам во 12-та година беше на ниво на 6 месечно бебе“, раскажува Шарлот.
Смртта беше единствен спас
„Мојата Ненси сакаше да ги слуша птиците и децата како се играат. Сакаше да го Слуша Мајкл Бубле и сакаше да биде покрај мене додека го пиев чајот. Последниот ден од нејзиниот живот беше најтежок ден во мојот живот. Ми недостига моето девојче секој ден и никогаш нема да си простам, но знам дека тоа е најдобро за нејзе. Мојот живот нама да биде ист никогаш повеќе“, заклучува Шарлот.Малата Ненси е родена слепа со хидроцефалус, менингитис и септикемија. Поради тоа девојчето не можело да оди, зборува, јаде или пие. Нејзинио



