Научниците велат дека кога не би преминале на зимското сметање на времето, би уживале во 300 дополнителни часови дневна светлина. Луѓето би биле порасположени, поенергични и поимуни на болестите.Воведувањето на зимското сметање на времето му штети на здравјето и доведува до губење на енергијата. Исто така, оваа промена „краде“ еден час светлина од попладнето, при што доаѓа до зголемена потрошувачка на енергијата за осветлување (недостиг на природна светлина) и се ограничуваат активностите надвор од домот. Ова му штети на здравјето, а негативно влијае и врз природната средина. Луѓето ја пропуштаат дневната светлина бидејќи престојуваат во затворени простории на работа, а околу 17 часот повторно настапува темницата.
Поради тоа, голем број од луѓето имаат проблеми со будењето, а нарушувањето на биолошкиот часовник, освен на заморот, влијае и врз работата на органите и на метаболизмот, правејќи ги луѓето да бидат депресивни.
Науччниците велат дека понекогаш се потребни дури и до четири недели за да се адаптира „внатрешниот часовник“. Според податоците на Светската здравствена организација, во периодот кога се поместува сметањето на времето, луѓето се најчувствителни и најподложни на депресија. Тогаш се најизразени и нарушувањата во спиењето, а се зголемува и бројот на пациенти со зголемен крвен притисок, па дури и инфаркти и мозочни удари. Треба да имате на ум дека речиси половина од светската популација има ниво на витамин Д во крвта кое е под оптималното. Недостигот на овој витамин, кој се нарекува и „витамин на сончевата светлина“, претставува утврден ризичен фактор за рахитис, а има и индиција дека ќе го зголеми ризикот од автоимуни болести.
Кога се поместува часовникот, најлошо поминуваат оние кои имаат секојдневно ист дневно-ноќен ритам, си легнуваат и стануваат и ги извршуваат вообичаените активности во исто време и тоа секој ден. Кога ќе се смени времето, овој ритам се нарушува, а како последица на тоа се јавува несоница и вознемиреност. Исто така, продолжениот недостиг на сон може да доведе до низа здравствени проблеми, вклучувајќи кардиоваскуларни болести, дијабетес и губиток на меморијата, а постои и зголемена шанса за повреда на работното место или за предизвикување сообраќајна несреќа.
Истражувањата покажуваат дека срцевите удари се зголемуваат за пет отсто во првите три недели по поместувањето на сметањето на времето, како резултат на скратување на сонот. Поместувањето на времето доведува токму до ова. Голем дел од тегобите, како што се зголемениот крвен притисок, мозочните удари и инфарктите се поврзани со промената и на воздушниот притисок кој е поврзан со временските промени.Воведувањето на зимското сметање на времето му штети на здравјето и доведува до губење на енергијата. Исто така, оваа промена „краде“ е



