Повеќе од 50 години, училницата по биологија во едно основно училиште на југоистокот на Романија имала автентичен човечки костур.Но, тие немале поим чиј е тој костур.
Останале шокирани кога дознале дека станува збор за костурот на поранешниот директор на училиштеотто. Тој во школото работел уште во далечната 1908 година. Таму поминал 50 години од кои дури 40 бил директор, пренесе Romaniatv.net
Легендата за него вели дека тој никогаш не пропуштил предавање, а по неговата смена во шеесетите години на минатиот век, откриено е дека последната негова желба била неговиот костур да биде изложен како помагало за учениците во училницата по биологија, за да не пропушти ниту еден час.
Кога 50 години подоцна за тоа дознале здравствените власти, костурот веднаш бил даден на анализи. Во јавноста многумина коментирале дека тоа е морбиден чин, но училиштето цврсто останало на ставот дека си го сака костуот назад.
Бидејќи бил чуван согласно сите стандарди, на властите не им останало ништо, освен да им го вратат, па тој и денеска може да се најде во училишната витрина во кабинетот по биологија.Но, тие немале поим чиј е тој костур.
Останале шокирани кога дознале дека станува збор за костурот на поранешниот директор на училиштеотто.



