Фејсбук го укина профилот на една мајка поради оваа фотографија!

Познатата реклама од 50-тите години за „Копертон“ во која имаше девојче и куче, беше инспирација за една мајка да направи фотографија со својата 2-годишна ќерка и нејзината пријателка. Но, таа идеја не му се допадна на Фејсбук.Имено, според примерот на рекламата во која кучето се обидува на девојчето да му го соблече долниот дел од костимот за капење, така, на спорната фотографија едно девојче му го прави истото на другото, при што на едното девојче му се гледа дел од задникот.
Корисниците на Фејсбук ја пријавиле фотографијата, со аргумент дека станува збор за порнографска содржина, а мајката на девојчето доби 24-часовна забрана за користење на Фејсбук.
Џил Вајт, која инаку е професионален фотограф, изјави дека повторно ја објави истата фотографија, но овој пат на задникот од нејзината ќерка ставила „смајли“. Фејсбук потоа се огласи дека Џил нема да добие трајна забрана за користење на профилот.
Од Фејсбук објаснија дека првата фотографија била повлечена поради фактот што се гледал дел од задникот на девојчето, а тоа не е допуштено според нивните правила.
 Имено, според примерот на рекламата во која кучето се обидува на девојчето да му го соблече долниот дел од костимот за капење, така, на спорната фо

Пронајдете не на следниве мрежи: