Сите ние знаеме дека треба да го намалиме нивото на стрес, но тоа не е секогаш лесно. Сепак, понекогаш треба да се знае какви чекори треба да се преземат за да се намали нивото на стрес во нашите животи. Без разлика дали трошиме време во природа, вежбање јога или таи чи, или се смееме почесто, ги исклучуваме нашите компјутери и паметни телефони на барем неколку часа секој ден – намалувањето на стресот е императив!Еве пет причини зошто учењето за тоа како да се ослободиме од стресот е толку важно:
1. Според Американската Академија за семејни лекари, стресот води кон некои од најпознатите исцрпувачки болести на нашето време, вклучувајќи ги и високите стапки на срцеви заболувања, рак, случајна повреда, па дури и самоубиство. Обидете се да земете десет длабоки, опуштени здивови за борба против стресот и продолжување на животот.
2. Стресот произведува повеќе кортизол, норепинефрин и адреналин – овие три хормони ја осиромашуваат нашата залиха на витамин Б и го потиснуваат нашиот имунолошки систем. Д-р Ханс Селје, изјави дека според количината на стрес во нашиот живот, дури може и да се предвиди колку настинки веројатно ќе добиеме. Додека овие хормони се одговорни за возбуда – преголемото нивно излачување може да направи вашето тело да се чувствува како да е цело време на штрек. Затоа, пробајте да воспоставите интимен контакт, или само пријателска, платонска прегратка. Човечкиот контакт го намалува нивото на стрес. Психијатарот Карл Немероф, вели дека наклонетоста кон некого е одлична за намалување на нивото на стрес.
3. Стресот го зголемува бројот на отчукувањата на срцето, респираторната стапка и ја нарушува дигестијата – покорисен начин за регулација на работата на вашето срце и оној што всушност помага да се намали стресот, е преку вежбањето. Само движењето до 30 минути на ден, драстично го намалува нивото на стрес и го зголемува нивото на „добрите“ хормони, како што се мелатонинот и сератонинот.
4. Стресот ги нарушува вашите циклуси на спиење – обидете се да спиете најмалку од 7 до 9 часа секоја ноќ, дури и ако тоа значи дека ќе носите и маска за очите, или да да подготвите чај од корен на валеријана или екстракт, кој ќе помогне при смирувањето на вашиот нервен систем. Нивото на стрес автоматски ќе се намали и ќе имате многу повеќе енергија наредниот ден.
5. Долгорочнниот стрес може да предизвика т.н. „надбубрежен замор“ – ако постојано сте загрижени или се наоѓате под стрес, вашето тело е веројатно под влијание на нешто што се нарекува „надбубрежен замор“. Нашите надбубрежни жлезди се одговорни за повеќе од 50 различни хормони и нормално можат да ни помогнат да се справиме со стресот во мали дози, но ако ние никогаш не правиме пауза, може да се развие „надбубрежен замор“ што предизвикува организмот да складира вишок на масти и на нашите клетки да им треба подолго време за да се регенерираат. На тој начин старееме побрзо. Ако можете да најдете начин да земете подолг одмор, направете го тоа. Исто така, можете да внесете суплемети на калциум и магнезиум во исхраната, или едноставно да јадете храна која е богата со овие минерали. Не заборавајте и да ги елиминирате негативните луѓе од вашиот живот. Вашето здравје зависи од тоа.
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Почитувајте го животот: Бегајте од статусот на жртва
Наједноставен совет за сите оние кои сакаат да ги изгубат килограмите и да се хранат здравоЕве пет причини зошто учењето за тоа како да се ослободиме од стресот е толку важно:
1. Според Американската Акаде



