Стивен Хокинг, најпознатиот современ физичар, на почетокот од месецов отвори Фејсбук профил, а вчера го објави својот прв пост. „Отсекогаш сум се прашувал во што е тајната на постоењето на универзумот. Времето и просторот можат засекогаш да бидат мистерија, но тоа не ме спречува во потрагата. Врската меѓу нас е бесконечна, а сега кога имам шанса, ме радува што ова патување можам да го споделам со вас. Бидете љубопитни, знам дека јас секогаш ќе бидам. Добредојдовте и фала ви што ја посетувате моја страница“, напиша Хокинг во својата прва објава на Фејсбук.
Познатиот научник досега има повеќе од милион следбеници на оваа друштевена мрежа, а ќе биде секако занимливо да се следат неговите објави.
За неколку недели, премиерно ќе биде прикажано биографскиот филм за животот на Хокинг, „The Theory of Everything“, чиј режисер е Џејмс Марш, а во главната улога ќе биде Еди Редмејн.
Филмската приказна носи познати и непознати детали од приватниот и работниот живот на Хокинг. Освен прикажувањето на неговото образование и научната кариера, филмот ќе ви ја прикаже и борбата со тешката болест, со која се соочува.
Post by Stephen Hawking.„Отсекогаш сум се прашувал во што е тајната на постоењето на универзумот. Времето и просторот можат засекогаш да бидат мистерија, но тоа не м


