Видео: ТОА СЕ ВИКА УПОРНОСТ – Од живот на ѓубриште до најдобар студент на Харвард!

Кога имал само 9 години, етничкото чистење предизвикало Јустус Увајес да остане сираче. Живеел во напуштен автомобил на ѓубриште во Руанда, а до храна и облека доаѓал на различни начини. Питачел, а се немал избањато повеќе од година дена. Се се променило кога Јустус ја запознал Американката Клер Ефионг. Додека сите деца си отишле, младиот Африканец останал. Кога Клер го запрашала  зошто го направил тоа, Јустус кратко и јасно одговорил: „Сакам да одам на училиште“. И навистина го мислел тоа!
Оваа есен, Увајес (22) се запишал на Харвард и тој воопшто не се разликува од останатите 1667 студенти кои оваа година се запишаче на престижниот факултет.
За 13 години, откако побегна од лудилото во својата земја, Увајес не се докажа само како одличен ученик. Тој ги подучувал останатите ученици и учествувал во основање на здружение кое на сиромашните ученици ќе им обезбеди здравствено осигурување.
Иако доаѓа од земја во која доминираат две етнички групи – Хуту и Тутси, тој е воодушевен од различностите со кои се сретнал на Харвард. Посебно го изненадило прифаќањето на геј студентите, но во исто време вознемирен е од бездомниците и питачите во таква богата земја.
Неговите колеги му помогнале да се навикне на живот, кој на големо се разликува од оној во неговата земја: „Луѓето тешко работат. Брзо ги завршуваат работите и брзо се движат. Ја зборуваат вистината и опишуваат своите искуства. Во Руанда, поинаку зборуваме во возрасните. Не викаме, мирни сме. Овде се размислува независно“.

Јустус никогаш не ја заборавил Клер и денес тврди дека ништо не би било можно без нејзина помош:
„Мојот живот се промени, благодарение на неа“, говори тој, кој имал помош од надвор при запишувањето на престижниот факултет.
После средно образование, се пријавил и освоил прво место на програмата „Bridge2Rwanda“, која ја води здружение од сојузната држава Арканзас. Како и повеќето други познати универзитети, Харвард своите студенти не ги избира исклучиво според нивните финансиски можности, но досега во кампусот била само една студентка од Руанда, Џулијет Мусабејез.
Повеќе не е така. Од 25 студенти од Африка кои успеале да се запишта, дури 3 доаѓаат од Руанда и се дел од истоимената програма. Не е лошо за мала земја, која сочинува само 1 процент од целокупното африканско население. 
Се се променило кога Јустус ја запознал Американката Клер Ефионг. Додека сите деца си отишле, младиот Африканец о

Пронајдете не на следниве мрежи: