Ова се најскапите разводи во историјата!

Рускиот олигарх Димитриј Риболовјев во февруари се најде на 147-то место на Форбсовата листа на најбогати луѓе со 8,8 милијарди долари. Меѓутоа, веќе во мај тој мина низ развод, за кој многумина сметаа дека е најскапиот во историјата. Тој со поранешната сопруга Елен склопи спогодба пред судот во Женева, според кој треба да и исплати неверојатно 4,5 милијарди долари.
Во спогодбата е вклучено и неколку негови куќи, кои спаѓаат во најскапите резиденции , некогаш направени во САД, една на Палм Бич, а друга во Њујорк, како и повеќе од 150 милиони долари вреден, грчки остров, кој некогаш му припаѓал на Аристотел Оназис.
Поранешната госпоѓа Риболовјев исто така доби старателство над 13-годишната ќерка Ана и половина од нивниот некогашен дом во Женева.
Таа поднесе барање за развод во 2009 година, затоа не можела да ги трпи  „неговите неверства“.
Еве уште неколку разводи кои се сметаат за едни од најскапите во историјата:

Алек и Џоселин Вилденштајн
Вилденштајн беше француски бизнисмен, трговец со уметнички дела и милијардер. Се ожени за Џоселин во 1978, а се разведе во 1999 година, по цена од 2,5 милијарди долари.
Имено, по продолженото сослушување, тој изјави дека потребни и се милион долари месечно за да го води домаќинството затоа што со години зависела од куќната послуга.
Руперт Мердок и Ана Торв
Овој пар беше заедно 32 години, а се разведоа во 1999 година. Со договорот Ана добила 1,7 милијарди долари. По 17 години, Руперт се ожени со Венди Денг, а потоа повторно се разведе. Мораше да исплати 44 милиони долари и пентхаус во Њујорк.
Берни Еклстон и Славица Радиќ
Извршниот директор на Формула 1 се разведе од поранешната хрватска манекенка Славица Радиќ после 23 години брак. Славица поднесе барање за развод поради неговото неразумно „однесување“ и доби 1,2 милијарди долари.  Меѓутоа, веќе во мај тој мина низ развод, за кој многумина сметаа дека е најскапиот во историјата. Тој со поранешната сопруга Елен склопи спогодба

Пронајдете не на следниве мрежи: