Најголем неработник во светот: Бил на лажно боледување 35 години а потоа…

Карло Кани, рудар од Италија успеал со помош на лекарите да ја измами државата и по 35 години константно боледување, заминал во пензија.Македонците веројатно може да учат од Италијанците како „да забушаваат“ на работа. 
Рударот Карло Кани уште од 1980 година, се до моментот кога ги стекнал сите услови за пензионирање, бил “болен“ Таа година заминал на боледување поради клаустрофобија и никогаш повеќе не се вратил на работа. Во 2006 година се пензионирал. Тој речиси и не работел во рудник пред да замине на 35-годишното боледување, пишува Дејли мејл.
– Рударството никогаш не ми се допаѓало. Признавам, стасав до пензија ништо не работејќи. Правев се што можев за да не се симнувам во јамата. Во тоа ми помогнаа и лекари, изјавил Карло.

 

Во меѓувреме, тој користел различни изговори за да го продолжи боледувањето: од клаустрофобија, преку хемороиди, амнезија… Кога му снемало изговори, си ставил прав од јаглен во очите за да изгледа болен.
– Главно, останував дома и слушав џез. Многу ја сакам музиката. Уживав и седејќи во фотелја и не работејќи ништо, раскажал тој.
Медиумите во Италија едвај го дочекале случајот за да укажат на законските дупки што Италијанците мошне често ги користат оштетувајќи го државниот буџет.Македонците веројатно може да учат од Италијанците како „да забушаваат“ на работа. 
Рударот Карло Кани уште од 1980 година

Пронајдете не на следниве мрежи: