Ова бебе живеело само неколку часа, но доживеало многу работи

Малиот Шејн починал по само четири часа откако се родил, но неговите родители се погрижиле тој и пред раѓањето да доживее многу рботи. Џена Гесев и Ден Хели знаеле дека нивниот син има смртоносно пореметување на мозокот и дека нема да живее долго, и затоа се потрудиле Шејн да доживее се што нема да  стигне по раѓањето.Родителите дознале дека нивното дете има аненсефалија во 13-та недела од бременоста. Ова смртоносно пореметување  доведува до тоа бебето да се роди без дел од мозокот и черепот и главно живеат само неколку часа. Во мал број случаеви успеваат  да преживеат неколку дена, а забележани се неколку  поблаги случаеви кои го доживеале својот прв роденден.
Парот направил Фејсбук страна „Молитви за Шејн“ на која ги замолиле сите членови да се молат бебето да преживее што подолго. Во меѓувреме, свесни за тоа дека животот на Шејн ќе биде краток, одлучиле да му пружат што повеќе доживувања додека се уште е во стомакот.
Нивната Фејсбук страна има над 900.000 лајкови, и сите ги следеле овие родители како, исчекувајќи да го видат својот син, прават разни работи.
Така малиот Шејн ја доживаеал својата прва Ноќ на вештерките, а Џена и Ден го обележале тоа на посебен начин.
Го воделе на бејзбол натпревари, во прошетка на Њујорк, дури и ги славеле неговите недели како родендени – со торта и свеќички.
„Шејн веќе ни покажа дека секој ден треба максимално да се искористи, и тоа е она што нашето мало семејствои всушност го прави. Следете не низ разни авантури додека го водиме Шејн на сите места кои ние ги сакавме во детството“, напишале родителите на својата страница.
Илјадници луѓе со месеци им пружале подршка на Ден и Џена, и сите се надевале дека Шејн ќе преживее што подолго. Ден објавл дека бебето се родило во четврток наутро.

Покрај родителите, Шејн го прчекале и останатите челенови од семејството, така што тој својот краток живот го поминал  опкружен со луѓето кои најмногу го сакаат.
Чтири часа подоцна Шејн починал.
„Денес во 6:15 откако е крстен и откако го запозна целото семејство, бебето Шејн почина мирно, во прегратките на мајка му. Благодарни сме  за времето кое го поминавме држејќи го и гушкајќи го нашиот син… Шејн го помина својот живот во рацете на луѓето кои безусловно го сакаат. Сега е со Господ и секогаш ќе биде наше мало чудо“, било објавено на Фејсбук страницата.
Иако не можеле да поминат многу време со синот, очигледно овој пар уживал во часовите кои ги имал со Шејн.
„Повеќето семејства чаекаат бебето да се роди пред да почнат да прават спомени  и да патуваат. Ние знаеве што не чека и знаевме дека нашето време со синот е ограничено, и затоа сакавме да го искористиме максимално“, рекол Ден.Родителите дознале дека нивното дете има аненсефалија во 13-та недела од бременоста. Ова смртоносно пореметување  доведува до тоа бебето да се

Пронајдете не на следниве мрежи: