ИСПОВЕД НА МУСЛИМАНКА ОД КОСОВО: Како брат ми стана бомбаш самоубиец!

Ми рече дека се бори за својата религија и дека другите луѓе се лоши. Рече дека сака да умре за Алах и дека тоа би му било најголемо задоволство, вели Аријета.Муслиманските  семејства од Косово се ретко длабоко посветени на верата. Но, неодамна  неклку млади луѓе станаа радикални. Се верува дека скоро  двеста од нив се борат во Сирија и Ирак, кршејќи им ги срцата  на оние кои ги оставиле.
„на овие фотографии кога беше дете, очите му се толку невини“, вели Аријета вадејќи една од купот фотографии од нејзиниот помлад брат, Блерим. Секој ден ги гледа неговите фотографии и плаче.
„Мојот брат имаше прекрасен живот. Имаше пари. Немаше мерцедес, но имаше опел и  бевме среќно семејство. Не можам да разберам зошто го стори тоа“.
Блерим имал 24 години кога го напуштил Косово на 7 август 2013 година, без да го извести семејството. Два дена подоцна Аријета примила порака дека е во Турција. Таа не се грижела, бидејќи откако станал побожен муслиманин често патувал за да слуша проповеди од различни имами. Потоа го побарала на истиот број, но на мобилниот и пристигнала порака- „Добредојдовте во Сирија“.
Кога разговарала со него преку скајп, настојувал на тоа дека е во Турција, каде учи арапски и бара жена која носи хиџаб. Аријета сакала да му верува, но потоа нејзината мајка пронашла разгледница која ја напишал Блерим и ја оставил во својата соба, пишува ВВС.
„Тоа беше проштална порака. Напишал дека е на патување и дека нема да се врати“, вели Аријета.
Како многу косовски Албанци, нејзиното семејство е муслиманско, но никогаш не било религиозно. Потоа Блерим почнал постојано да оди во џамија. Почнал да патува во Македонија и во џамии во други градови на Косово.
„Има едно момче- и понатаму го гледам секојдневно. Тој влијаеше ма мојот брат. Не му купи билет на Блерим за Сирија но го водеше  на места каде се зборува дека џихадот  е добра идеја. Се надевам дека еден ден ќе му судат на тоа момче  за она што го направи“, вели Аријета.
Во последните три месеци во Косово, Блерим Хета се променил. Пуштил брада, ги скратил панталоните, како некои муслимани на Блискоит исток  и гледал многу видеа од јутуб на кои проповедале имами. Потоа заминал.

 

Со тек на времето, и признал на Аријета дека се наоѓа во Сирија.
„Ми рече дека се бори за својата религија и дека другите луѓе се лоши. Рече дека сака да умре за Алах и дека тоа би му било најголемо задоволство. Почнав да плачам и да врескам и го прашав каква е таа религија  што бара од него да убива луѓе и да се убие себе си? Потоа ми рече  никогаш повеќе да не му се обраќам така, или ќе престане да ме бара“.
Ариета не им кажала на родителите дека Блерим е во Сирија – не сакала да ги вознемирува, верувајќи дека ќе се врати дома.
Пред да замине во Сирија, Аријета мисли дека нејзиното семејство ги игнорирало сигналите како нејзинот брат Блерим се радикализирал- го променил начинот на облекување и пуштил брада.
„Тогаш верувавме дека не е глупав. Беше добро момче, но мислам дека му го испраа мозокот. Прво го исплашија со приказните што ќе му се случи ако отиде во пеколот. Потоа му ги кажале позитивните страни на рајот. Го знам тоа бидејќи најдов некои негови белешки“.
На 24 март Блерим  се јавил на неговото семејство во Косово
„Го прашав дали ќе се врати дома. Му реков дека мама сака да го види и дека е могу тажна. Ми рече: ‘Не знаете што правите вие луѓе. Само Исламот е вистинската работа’. И додаде ‘Можеби денес или утре ќе се сретнам со Алах’, а потоа и се обрати на мајка ми: ‘Прости ми… прости за се што ти сторив’.
Следниот ден  Блерим  се убил себе и 52 Иранци во самубиствен бомбашки напад.
Аријета се труди да сфати како и зошто нејзиниот брат се променил.
„Кога беше во Косово, Блерим зборуваше дека самоубијците  бомбаши не се муслимани. Но кога зборував со него  додека беше во Сирија го прашав дали е добро да се убиват луѓе, а тој ми одговори  ‘Доколку не се муслимани, да’.“Муслиманските  семејства од Косово се ретко длабоко посветени на верата. Но, неодамна  неклку млади луѓе станаа радикални. Се верува дека

Пронајдете не на следниве мрежи: