Џејмс Ватен (73) бил близу до смртта минатата недела. Побарал за последен пат да си го види своето милениче, едноокото кученце Бубу кое од тага за сопственикот престанало да јаде.Џејмс Ватен (73) бил примен во болницата во Кентаки пред неколку недели. На кревкиот и тажен старец му било се' полошо и покрај обидите на лекарите па после некое време престанал и да јаде. И' кажал на медицинската сестра дека му недостасува неговата едноока чивава и замолил доколку може да му ја донесат да ја види за последен пат.Социјалната работничка заклучила дека токму тагата и губитокот на пријателот ја влошуваат состојбата на Џејмс. Поради тоа медицинските сестри одлучиле малку да ги заобиколат болничките правила за забрана на внесување на животни во болницата. По неколку повици откриле дека Бубу преку здружението за помош на животни завршил кај друго семејство и дека сосема случајно и тој се разболел.
„Престана да јаде пред една недела, што беше навистина чудно. Не знаеше каде е Џејмс ниту пак Џејмс знаел каде е Бубу и верувале или не, тие двајца престанале да јадат во исто време”, изјавила Мери-Ан СМит од здружението за помош на животни. Во саботата во болницата го довеле кученцето кое, покрај што нема око, нема ниту долни запчиња.
“Беше многу тажен. Го завиткувавме во бебешко ќебе но пак се тресеше целиот. Но само што дојдовме на 20 чекори од собата на Џејмс, Бубу ја подигна главата. Очите му заискрија и одеднаш тој беше сосема друго кученце”, раскажува Мери-Ан и додава дека слична промена се видела и на лицето на Џејмс за време на 30-минутното дружење со Бубу.
“На почетокот мислевме дека Џејмс нема да преживее”, вели таа.
Но по средбата со Бубу…
Наводно по дружењето со Бубу сe видело големо подобрување на лицето на Џејмс. Почнал да разговара, да се исправува, а исто така и подобро изгледал, пренесува Today. И кученцето повторно започнало да јаде.Џејмс Ватен (73) бил примен во болницата во Кентаки пред неколку недели. На кревкиот и тажен старец му било се' полошо и покрај обидите на лекарите



