Една мајка која се мачела гледајќи го својот син како тоне во својата зависност одлучила да му напише писмо. Одамна сакала отворено да му каже што мисли и конечно собрала храброст за да се изрази на овој начин.„Убаво се сеќавам на денот кога се роди. Ми пукна водењакот и се роди следното утро, во 3:50, тежок само 3,2 килограми. Кога за прв пат те зедов во раце, ја погледнав најубавата и најсовршената работа. Се друго и сите останати изгледаа валкано, а ти изгледаше и мирисаше совршено. Те сакав безрезервно од првиот момент.
За време на својата адолесценција, стана многу проблематичен. Дури сега сфаќам дека немирите помеѓу тебе, тато и мене имаа длабоко и трајно влијание врз тебе. Поради тоа ми е многу жал.
Со своите 16 години изгледаше изгубено. Се пресели – сакаше да бидеш самостоен и независен. Не те спречив, бидејќи тогаш беше тешко да се живее со тебе.
Те гледав како растеш. Те гледав како се мачиш со својата длабока зависност од нелегални супстанци. Го прославував раѓањето на твоите деца. Уживав во начинот на кој се препушти на родителството, им се восхитував на твоите способности, твојот темперамент, смиреност и добрина.
Во текот на последните три години те гледав како се уништуваш. Понекогаш не можев да го поднесам тоа.
Но денес поминавме некое време на само. Вилицата ти беше скршена поради тепачка во која си бил вмешан пред неколку недели. Слаб си и мирисаш лошо.
Ја наполнивме машината со алишта. Твојата облека беше извалкана со крв и како мапа покажуваше каде се си забил шприц.
Ми рече дека ти треба чиста облека, бидејќи ќе одиш во центар за одвикнување. Тоа е едниственото што сакам да го слушнам од тебе. Но не смеам да се надевам премногу . За тоа не се разговара во деновите кога времето го поминуваме заедно.
Одиме на кафе, разговараме и се смееме заедно. Ги препознавам тие моменти на присебност и едноставно морам да ги зграпчам за себе. Тоа се убави моменти. И кога се разделуваме, постојано мислам на тебе.
Со љубов, мама.“„Убаво се сеќавам на денот кога се роди. Ми пукна водењакот и се роди следното утро, во 3:50, тежок само 3,2 килограми. Кога за прв пат те зе



