– Немам никаков израз на лицето, не можете да ми ги видите устата, носот, веѓите. Мојата изгорена кожа и моите лузни се дел од мене. Никогаш нема да се сменам и после сѐ сум самоуверена, изјави Дана Вулин, која била жртва на љубоморна сопруга.Дана Вулин од Австралија, се здобила со смртоносни изгореници на повеќе од 60% од нејзиното тело, вклучувајќи го и лицето без кое таа останала. Ова ѝ се случило кога сопругата на мажот со кој разговарала на една забава, ја полеала со бензин и ја запалила.
Оваа жена со српско потекло, стана вистинско медицинско чудо, бидејќи успеала да се избори и да ја победи сигурната смрт.
Таа пред две ипол години останала без лице, кога Натали Димитровска ја претворила во факел.
Натали долго време го планирала нападот и на 16 февруари 2012 година, отишла кај Дана дома за да го оствари планот. Димитровска, инаку осудувана наркоманка, во раката држела луле за пушење кристал мет, кое го фрлила на Дана.
– Во истиот момент се претворив во факел, изјави Вулин и додаде дека Натали и нејзиниот соучесник се смееле и избегале по неколку секунди.
Оваа несреќна жена преживеала изгореници од трет степен, кои имаат зафатено третина од нејзиното тело и оттогаш, освен душевната, таа трпи и ужасни физички болки.
Инаку, Натали Димитровска (28) е осудена на 17 години затвор поради нанесување тешки телесни повреди со умисла, а судијата истакна дека сѐ уште нема сретнато некој кој би се смеел додека гледа како гори друг човек.
Дана во недела го очекува она за што се подготвува цели две години – да се погледне во огледало без маска.
Дана Вулин од Австралија, се здобила со смртоносни изгореници на повеќе од 60% од нејзиното тело, вклучувајќи го и лицето без кое таа останала. Ова



