Ново откритие: Можно е да се спречи развојот на тумор кај децата?

Тимот кој е под водство на доктор Фредерик Карон, главниот автор на истражувањето, откри дека протеинот „sonic hedgehog“ предизвикува оштетување на ДНК, што доведува до развој на рак.Научниот тим од Истражувачкиот институт во Монтреал, откри механизам кој ја поттикнува прогресијата на медулобластомот, најчесто дијагностицираниот вид на тумор кај децата.
Ова важно откритие ќе биде објавено на 13. октомври, во научното списание „Developmental Cell“.
„Ѕonic hedgehog“,  припаѓа на групата протеини кои на клетката ѝ ја даваат потребната информација за правилен развој на ембрионот. Исто така, тој игра важна улога во туморогенезата, процесот на трансформација на нормалните клетки во канцерогени.
– Нашиот тим го проучуваше протеинот „боц“, односно рецепторот кој се наоѓа на површината на клетката и кој го препознава протеинот „sonic hedgehog“, објаснува Лукас Тамајаго-Орего, експерт од тимот кој го вршеше истражувањето.

– И претходно имавме докажано дека „боц“ е битен за развојот на церебелумот, делот од мозокот каде што се појавува медулобластом, така што одлучивме подетално да ги истражиме процесите во тоа подрачје. Всушност, протеинот „боц“ предизвикува мутација на ДНК во клетки на тумор, кои водат до прогресија на предкарциномни лезии до напреден облик на медулобластом“, вели доктор Чарон, директор за молекуларна биологија на истражувачкиот оддел на IRCM.
Имено, истражувањето покажало дека во случаите во кои „боц“ е неактивен, бројот на карциномот опаѓа за 66%. Така, неактивниот „боц“, го намалува развојот на ран облик на медулабластом во напреден тумор.
Медулобластомот е меѓу водечките причинители за смрт кај децата. Моменталните начини на лекување вклучуваат операција, како и радијација и хемотерапија. Иако голем дел од децата ги преживуваат овие третмани, радијацијата остава сериозни последици: по третманите претрпуваат сериозни оштетувања на мозочните клетки.Научниот тим од Истражувачкиот институт во Монтреал, откри механизам кој ја поттикнува прогресијата на медулобластомот, најчесто дијагностицираниот

Пронајдете не на следниве мрежи: