На сите ни се случило да бидеме депресивни…но ако тоа трае подолго време тогаш навистина е проблем. Во продолжение прочитајте ги митовите за депресијата:Депресијата се појавува како резултат на она што ви се случува
Многу често доаѓа по некој немил настан како смрт на некој близок, разделба…. Депресијата обично се дијагностицира кога некој пати од пролонгирани епизоди полни празнина, или летаргија.
Депресијата е знак на ментална слабост
Депресијата е болест односно, депресијата е комплексна медицинска нестабилност која има биолошки, психолошки и социјални димензии. Болест која влијае на хемијата во мозокот и нервниот систем.
Се одразува само на мозокот
Чести симптоми на депресија вклучуваат потешкотии во дигестивниот систем, проблем со дишењето, стегање во градите и замор.
Ако страдате од депресија и истата ви е дијагностицирана целиот живот ќе треба да пиете антидепресиви
Не мора да значи дека засекогаш ќе ги консумирате, едноставно тие не делуваат на сите и може да се „откачите“ од нив со помош на доктор.
Депресијата е синоним за тага
Многу од депресивните луѓе изгледаат среќно и успешно успеваат да ја прекријат оваа болест. Многу од пациентите кои страдаат од депресија чувствуваат голема тага, но многу од нив не чувствуваат одредени емоции. Депресијата се појавува како резултат на она што ви се случува
Многу често доаѓа по некој немил настан како смрт на некој



