Љубовни традиции кои итно мора да се вратат

Пораките се супер, исто така и допишувањето преку Фејсбук, но да бидеме реални, ние кои бевме присутни во времето кога работите беа поинакви знаеме дека сето тоа беше поубаво пред бумот на технологијата. Па еве кои работи итно мораме да ги вратиме кога се работи за љубовта.Телефонски повици
Денес повеќе не чекаме покрај телефонот за момчето да не побара, бидејќи имаме мобилни телефони, но тоа не е единствената причина. Причина е и фактот што момците се поретко се јавуваат. Пораките ја заменија потребата за разговор по телефон, што можеби не е лошо бидејќи имаме повеќе време да смислиме добар одговор но повторно, зарем не е убаво да затреперите кога преку телефон ќе го чуете гласот на мажот кој ви се допаѓа?
Додворување
Денес „like“ на Фејсбук е знак дека некој ви се допаѓа, тука е и опцијата „poke“, но и двете опции се недоволна замена за вистинско додворување. Сакаме мажи кои жената ќе ја однесат на сладолед сред бел ден и да не очекуваат секс на првиот состанок, мажи кои ќе се трудат околу жената и ќе им фрлаат камчиња на прозор во доцните часови. Не мора се да биде како во ресторан за брза храна.
Цвеќе
Денес вистинска реткост е да се види маж кој носи букет во рака (а да не направил ништо лошо). Некогаш цевтот беше знак дека му се допаѓате и дека сака да го освои вашето срце. Сакаме тоа да се врати.
Отворање врата
Знаеме, жените се еманципирани и можат самите да отворат врата, но тоа не значи дека не сакаат мажи кои ќе го направат тоа наместо нив.
Пишување писма
Топло-ладно е интересна игра за средношколците, но се чини дека се повеќе луѓе се фасцинирани од таквиот пристап. Сакаме да се вратат деновите кога мажите пишуваа љубони писма во кои јасно ги откриваат своите намери, а не жените да мораат да ги дешифрираат.Телефонски повици
Денес повеќе не чекаме покрај телефонот за момчето да не побара, бидејќи имаме мобилни телефони, но тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: