Откриен е најбараниот список на светот со имињата на 76 мажи и 4 жени!

Министерството за внатрешни работи се` уште нема реагирано, а „снемува време“ за да се открие дали осомничените нацисти се живи и дали воопшто е можно да се одржи судење.Идентификувани се 80 луѓе во Германија кои биле припадници на специјални нацистички единици за ликвидации. Центарот „Симон Визентал“, кој трага по полседните живи нацисти, направи список на кој се наоѓаат 76 мажи и 4 жени.
Директорот на Центарот Ефраим Зуроф, го проследи списокот до германското правосудство, но истакна дека „снемува време“ за да се утврди дали некогашните нацисти се наоѓаат помеѓу живите и дали може да им се суди за злосторствата во Втората светска војна. Причина за сомневањата е дека осомничените се родени во периодот помеѓу 1920 и 1924 година, што би значело дека се работи за 90-годишни луѓе или покојници.
Германското Министерство за внатрешни работи не даде никаков коментар за оваа информација, а Министерството за правосудтво соопшти дека се проследени последните детали од писмата до обвинителите кои ги истражуваат злосторствата од времето на нацистите.
Досега им било судено само на мал број припадници на овие единици, но голем дел од нив минале неказнето.
Се очекува покренување на истрага врз основа на овој список, која ќе биде предводена од страна на германските власти.Идентификувани се 80 луѓе во Германија кои биле припадници на специјални нацистички единици за ликвидации. Центарот „Симон Визентал“, к

Пронајдете не на следниве мрежи: