Најдобро и докажано средство против бронхитисот, сувата и хронична кашлица кај децата и возрасните е црната ротквичка со мед.Тоа е рецепт кој го подготвувале и нашите баби. Благодарение на природните состојки, не само што е едноставен и вкусен, туку и многу корисен.
Овој природен лек е одлично средство за искашлување кај болести на горниот респираторен тракт.
Не предизвикува негативни појави, а и многу е едноставен за подготовка. Сирупот се подготвува навечер за утредента.
Ротквичката добро измијте и исушете. Доколку не е рамна, исечете го малку долниот дел, да стои рамно.
Отсечете го горниот дел, кој подоцна ќе ви треба.
Направете вдлабнување во ротквичката, и ставете 2 лажици мед (ротквичката да се наполни повеќе од половина) или 4 лажички шеќер (доколку сте алергични на мед).
Поклопете ја со горниот отсечен врв. Оставете да преноќи.
За тоа време во ротквичката ќе се појави лековит сируп, незаменлив во лечењето на кашлицата. Наутро можете да почнете да го користите.
Сирупот против кашлица треба да се зема 4-5 пати дневно, неколку минути пред јадење. Возрасни по една супена лажица, а децата по една кафена лажичка.
Во текот на денот сирупот ќе го искористите, зошто навечер во истата ротква повторно додадете мед, а утредента повторно го конзумирате овој вкусен и лековит сируп. Дијабтичарите и децата помали од година дена треба да бидат внимателни бидејќи поголема количина на медот може да предизвика алергија.
А еве и како да направите домашни бомбони протв кашлица и како да се заштитие од настинки со природен антибиотикТоа е рецепт кој го подготвувале и нашите баби. Благодарение на природните состојки, не само што е едноставен и вкусен, туку и многу корисен.



