Харисон Ледшам е голем навивач на Ливерпул кого сериозната болест сепак не му пречеше овој викенд да биде на стадионот и во живо да го следи својот омилен тим во Мерсисајд дербито…На младиот Харисон пред неколку месеци му е дијагностициран рак на коските, следела мачна хемотерапија, но ова 11 годишно момче не си дозволи да му падне духот, а една од работите кои го мотивирала главата да ја држи високо подигната е љубовта кон Ливерпул.
Никогаш до сега не бил на меч на Ливерпул. Болеста дополнително му ги смалила шансите за да си ги оствари соништата. Но…
Добил влезница за дербито со Евртон преку хуманитарна организација, но сепак немал гаранција дека додека трае хемотерапијата ќе успее да биде на стадион и да го следи мечот.
Докторите му излегле во пресрет, термините на терапијата сепак се усогласиле со терминот на натпреварот и Харисон право од болница со татко му отишол во ВИП ложата, од каде го следдеше натпреварот.
Потресната приказна на семејството Ледшам, родителите на малиот Харисон кои ја изгубиле 2 годишната ќеркичка поради генетско пореметување на овој начин за момент имаше среќен крај. Во солзи Карен, мајката на 11 годишното дете, раскажува за среќата која ја видела во очите на својот син .
„Никогаш до сега не бил на фудбалски натпревар, ужеваше. Само за тоа зборува, ова авистина беше голема работа за него. Се плашевме дека порди хемотерапијата нема да стигнеме и дека неговата желба нема да се оствари но за среќа се добро заврши“, истакна 41-годишната мајка на ова детенце.На младиот Харисон пред неколку месеци му е дијагностициран рак на коските, следела мачна хемотерапија, но ова 11 годишно момче не си дозволи да му



