Најновата студија разоткрива притаена опасност од користење на мобилните телефони, смартфони, таблети, лаптопи и сл. За жал иако ние не сме свесни за тоа, последиците на нашиот мозок можат да бидат катастрофални. Снимки од функционална магнетна резонанца (fMRI) на мозокот на 75 возрасни луѓе откриле намалена количина на сива матрија во една од клучните делови на мозокот – предниот цингулатен кортекс – кај оние кои кои често посгнуваат по своите мобилни телефони, и постојано се во близина на мобилен телефон, таблет, лап-топ и други слични уреди.
Церебралниот кортекс(АСС) е регион од мозокот одговорен за рационално одлучување и контрола на емоциите, а претходните студии во оваа област, откриваат дека криминалците со оштетена функција на АСС почесто ги повторуваат кривичните дела и после казната, што доведува до помала контрола над своето импулсивно однесување.
Новите истражувања го потврдиле сето ова и уште дека луѓето кои често користат мобилни уреди, имаат пореметување во во концентрацијата и појава на депресија и анксиозност.
Лицата кои учествувале во студијата пополниле прашалници за нивните навики во користење на мултимедијални уреди, и на нивните навики во својот живоот покрај мобилните телефони. Намалената количина на сива материја е забележана кај сите кои користат повеќе уреди, без оглед на другите разлики во животниот стил.
– Мултитаскингот, односно потребата да правиме повеќе работи во исто време, станува се подоминантна во нашите животи, а се повеќе сме загрижени за неговото влијание врз нашиот разум и емоционална состојба. Нашата студија е прва која најде поврзаност помеѓу користењето на повеќе медиуми и структурата на мозокот – вели Kеп Ки Лох, еден од невролозите кои го спроведоа истражувањето.
Бројни претходни истражувања во областа на неврологијата покажале дека мозокот е пластична творба, која се менува во согласност со начинот на кој таа се користи. Патиштата и врските помеѓу невроните се менуваат во согласност со нашето однесување, животната средина, емоциите и се случува и на клеточно ниво, како и во прилагодување на делови од церебралниот кортекс. Разновидните тренинзи, како што е жонглирањето или таксистите кои ја проучуваат мапата на градот, може да ја зголеми густината на сивата материја во одредени предели на мозокот.
– Точните механизми кои доаѓаат до овие промени се уште не се целосно јасни. Иако е можно луѓето со помали ACC да се подложни на предизвикот од „мултитаскинг“ поради лошата способност да ги контролираат своите мисли и емоции, еднакво е можно дека повисоко ниво на изложеност на вршење на повеќе работи во исто време е тоа што води кон промена во ACCS. Потребно е долгорочно истражување со цел недвосмислено да се утврди што е причината а што е последицата – заклучува Ки Лох.Снимки од функционална магнетна резонанца (fMRI) на мозокот на 75 возрасни луѓе откриле намалена количина на сива матрија во една од клучните делов



