Тој не е страшен, тој е мало момче

Малиот Џејмсон е роден во јануари 2012 година. Неговата мајка имала нормална бременост и очекувала сосема здраво бебе. Но тој се родил со еден облик на краиностеноза, најверојатно Фајферов синдром. Неговата мајка за него напишала текст на својот блог.„Се надевам дека ова ќе го прочитаат голем број на луѓе. Оваа порака не се однесува само на мојот син, туку на сите деца кои се исмејувани порадни нивните различности. И сигурна сум дека нивните родители се чувствуваат исто како мене.
Веднаш сакам да кажам дека немам ништо против децата кои исмејуваат и нивните родители.
Знам дека може да биде непријатно кога вашето дете е непријатно кон друго дете. Но се надевам дека родителите ќе направат нешто повеќе кога тоа ќе се случи. Ме повредува, а не сакам да викам на други деца. Ме повредува кога го исмејуваат моето дете, бидејќи знам дека тоа ќе го следи целиот живот.
Овие зборови не ги поттикна ништо што веќе не се случувало и ништо што нема да се случи повторно. Само тоа се случи многу пати во последните неколку недели.
Неодамна се преселивме во нов град и сега нашиот постар син е прво одделение. Во втората недела отидовме да се запознаеме со учителите. Целото училиште беше во кафетеријата по повод свечено собирање. Штом влеговме во кафетеријата, не дочека мало момче кое го впери прстот во Џејмсон, ја туркаше својата мајка и велеше дека изгледа смешно. Се потрудивме да не обрнуваме внимание и продолживме барајќи место да седнеме. Малку потоа, две девјчиња гледаа во нас, се свтреа кон својата мајка и рекоа- Тој изгледа страшно, верувајќи го прстот кон Џејмсон. Мајка и кажа дека не е убаво така да зборува и се сврте.
Минатиот викенд во продавница покрај нас помиаа мајка и син. Го видов погледот на момчето и се насмевнав. Тој почна да се смее велејќи -Погледни мамо, она бебе изгледа смешно. Апотоа ја видов мајка му со подзината уста, не можеше ништо да каже.

Како родител и јас сум сум била во ситуации моето дете да каже нешто недолично, па разбирам како кога ќе се посрамите. Разбирам и дека децата не треба да се обвинуваат. Земете неколку црвени тули и додајте една зелена меѓу нив. Отскокнува. Во ред е да забележите кога нешто е поинакво. Така работите ги разликуваме едни од други. Но тоа важи за предмети. Можеме да ги идвоиме и избереме нешто што се вклопува во она што го правиме. Но не можеме да го правиме тоа со луѓето.
Ова е мојата молба како мајка на дете кое изглда поинаку:
Доколку сте родител на дете кое вели дека друго дете е смешно или страшно, немојте само да кажете -Тоа не е убаво. Иако сте во право, таквата опомена нема ништо да смени. Моето дете и понатаму останува изолирано. Следниот пат речете: -Сигурна сум дека е могу фино момче, ајде да го запознаеме. Ве молам, пријдете и претставете се, не касаме. Моето дете е исто како и вашето, може да биде слатко, нежно и вредно. И ве уверувам, и јас сум родител како вас кој се обидува да изнајде начин да помине низ ова.
Доколку вашето дете е љубопитно, а не вели ништо лошо, но сепак ја забележи разликата, ве молам претставете ни се и прашајте за нашите имиња. Вклучете го моето дете во својот свет. Ве уверувам дека не е страшен, тој е само мало момче.
Им благодарам на родителите и децата кои го практикуваат ова и го му разубавуваат денот на Џејмсон. Можам јасно да се сетам на секоја средба со некој старец кој пришол и се интересирал за Џејмсон. Сигурна сум дека и Џејмсон ќе се сеќава на некои од тие убави средби“.„Се надевам дека ова ќе го прочитаат голем број на луѓе. Оваа порака не се однесува само на мојот син, туку на сите деца кои се исмејувани по

Пронајдете не на следниве мрежи: