Од дамата најмногу зависи дали мажите со кои се запознала, ќе ја гледаат како „риба за забава“ или „девојка за сериозна врска“ и затоа треба да посвети внимание на сигналите кои ги испраќа. Кога американскиот комичар и водител Стив Харви ја напиша книгата „Однесувај се како дама, размислувај како маж“, не очекуваше дека ќе биде најпродаваната во САД и дека толку силно ќе влијае врз машко-женските односи.
Кога маж ќе ви пријде, тој сака да спие со вас или да дознае колку ќе му треба да ве убеди да спиете со него.
„Затоа имајте на ум дека машкото не е тој што одредува на кој тип припаѓате, туку вие самите си одредувате“ – пишува Харви.
Девојка за „забава“:
– го пие пијалокот и ги гледа мажите во нејзина близина
– без внимание му приоѓа на тој што и се допаѓа, а ако е незаинтересиран, тука е неговиот другар
– секој може да ја почести со пијалок
– на типот што му приоѓа, му вели дека е дојдена само за забава
– веднаш го дава својот број од мобилен телефон и климнува со главата ако ја прашате „дали сака да излезете надвор на воздух“
– нема ништо против врска за еден вечер
– не очекува ништо посебно од мажите и не поставува услови
За сериозна врска:
– не флертува со сите
– не го потенцира физичкиот изглед, иако е многу убава
– воздржана е со непознати лица
– не го дава веднаш бројот од мобилниот телефон, дури и ако некое машко и се допаѓа премногу
– не ја интересираат „игри“, знае каков маж сака
– бара искрена љубов, важна и е верноста.Кога американскиот комичар и водител Стив Харви ја напиша книгата „Однесувај се како дама, размислувај како маж



