Со доаѓањето на есента, почести се тегобите во желудникот како гастритис и чир на желудник кои во овој перод се влошуваат.Експертите потсетуваат дека гастритис е воспаление на желудочната слузокожа, а може да биде акутен и хроничен.
Има многу причини кои можат да бидат заеднички и за акутниот и за хроничниот гастритис, а тоа е најчесто користење на нестероидни антирвматици, како што е диклофенак, волтарен, ибобруфен, бруфен, кетопрофен, кетонал и слично.
Докторите сметаат дека е важно да се напомене дека е сеедно дали пациентите ги земаат овие препарати преку таблети или инекции, бидејќи подеднакво штетно влијаат на слузокожата на желудникот.
Причината за гастритис и чир можат да бидат и бактериски инфекции, од кои најчеста е Хелиобактер пилори, која укажува на вирусна или габична инфекција.
Најчести тегоби се мачнина, повраќње, киселина, тежина и болка над папокот, надуеност…
Најточна дијагноза се поставува со гастроскопија кога се зема и примерок за патолошка и микробиолошка дијагноза.
Исхраната е многу важна, велат експертите и додаваат дека треба да се конзумира помалку калорична храна поделена во неколку оброка, четири, пет и повеќе, и дека треба да се избегнува зелка, спанаќ, кафе, како, благо.
Расположливите податоци покажуваат дека околу 50 проценти од становништвото е инфицирано со Хелико пилори, со која се инфицирале уште во детството, сметаат експертите, но симптомите се јавуваат подоцна.Експертите потсетуваат дека гастритис е воспаление на желудочната слузокожа, а може да биде акутен и хроничен.
Има многу причини кои можат



