Доколку ги забележите овие симптоми кај детето, не мора да значи дека тоа е лошо туку дека можеби има ADHD

Од 30-ина ученици, две до три имаат пречки во вниманието.Грешки во задачите порадни невнимание , тешко задржување на вниманието, потешкотии со организираноста, заборавање на дневните активноости, противење и немир, прекинување и пречење на другите, потешкотии со чекање на редот …
Доколку ги забележите овие симптоми кај детето, тоа не значи дека тоа е лошо, туку дека можеби има ADHD – најчесто психичко пореметување кај децата кои одат на училиште.
„ADHD може да се препознае кога во текот на подолг период (најмалку шест месеци) ќе се појават некои од симптомите на невнимание, хиперактивност или импулсивност. Таквите симптоми треба да бидат присутни  во две или повеќе средини ( на пр. на училиште или дома…)“, предупредува Mартина Шибалиќ, психолог во здружението за разбирање на ADHD „Будење“ во Хрватска.
Како една од алатките која им помага на децата, но и возрасните со ADHD, здружението  овозможува сеанси во составот на учењето Pay Attention. Се работи за уред кој по пат на мерњење на мозочната активност сликовито  го претставува нивото на концентрација и не мотивира на концентрација.  Во облик на нараквица, одржува контакт со кожата и прибира податоци за нашата мозочна активност, а одржувајќи ја концентрацијата, сами го одредуваме текот на зададената игра.

„Уредот Pay Attention и помага на личноста да ја подобри концентарацијата, но и останатите сегменти кои се поврзани со учењето: како да се сконцентрирате на нешто одредено, да се мотивирате за одредена задача, да го прилагодите своето однесување…  Често не сме свесни што значи тоа да се биде сконцентриран и фокусиран, а со овој состав на учење лесно е да се освестиме. Личноста учи во сеансите како сама да ја препознае концентрацијата“, открива Марко Ферек, претседател на здружението, кое на корисниците им обезбедува бесплатни сеанси со овој уред.Грешки во задачите порадни невнимание , тешко задржување на вниманието, потешкотии со организираноста, заборавање на дневните активноости, противењ

Пронајдете не на следниве мрежи: