Преку ден е веб дизајнер, ноќе е пони кој галопира низ населбата

Иако на многумина ќе им звучи бизарно, 40-годишната Лиен тврди дека тоа не го прави само поради забава, туку дека тоа искуство ја опушта и релаксира и тогаш единствено може да биде тоа што е.Лиен дизајнира веб сајтови во Австралија преку ден, а ноќе станува коњ со име Шајен. Како секој вистински коњ, таа има седло и маска преку лице во облик на коњска глава.
– Кога имитирам коњ се чувствувам слободно и станувам вистинската јас, изјави оваа жена. Лиен е голем љубител на животните и сама има неколку коњи и мачки. Меѓутоа, кога станува коњ, нејзината пријателка е таа која ја шета.
На Лиен не и е срам што така шета низ населбата, или кога ќе „галопира“ до продавницата. Луѓето чудно ја гледаат, но главно позитивно реагираат на неа.
Нејзината пријателка смета дека таа ги имитира коњите затоа што на тој начин ја надминува срамежливоста.
Имено, нејзината опрема е скапа. Лиен „вреди“ помеѓу 5.000 и 10.000 фунит кога ќе се претвори во пони.Лиен дизајнира веб сајтови во Австралија преку ден, а ноќе станува коњ со име Шајен. Како секој вистински коњ, таа има седло и маска преку лице во

Пронајдете не на следниве мрежи: