Го знаете она чувство кога од рано утро или среде тежок работен ден ќе ве фати грч во вратот и болката не попушта. Иако секогаш болка при грчење на мускулите е неудобна, посебно е фрустрирачки кога се работи за вратот или горниот дел на грбот(кога морате да го свртите цело тело кога некој ќе ви се обрати, а секое движење е болно).Иако најдобро би ви дошла масажа, голема е шансата да немате време за тоа, затоа ние ви нудиме еден брз начин со кој сами можете да ги решите работите, а кој го препорачува физиотерапевтка од клиниката Мајо, Алин Какук.
Прв чекор:
Лоцирајте ја болната точка. Доколку е на десната страна од вашиот врат или на горниот дел од грбот, ставете ја десната рака на нејзе, а користете ја левата рака.
Втор чекор:
Болниот јазол притиснете го со прстите, користејќи цврст притисок. Но внимавајте, треба да одите до онаа граница која можете да ја толерирате, и не би смееле да чувствувате бодеж. Доколку не можете да ја досегнете точката, топче за тенис или слично помагало може да ви биде од помош, само потпрете се на ѕид за да направите притисок.
Трет чекор:
Лесно свртете ја главата во спротивен правец од грчот, и спуштете ја дијагонално, како да се обидувате со брадата да ја допрете пазувата. Активирајќи го згрчениот мускул, во комбинација со притисок, ќе помогнете мускулот да се опушти и болката да исчезне.
Четврт чекор:
Повторувајте ги овие три чекори дваесет пати. По тоа на вратот и грбот дозволете му едно истегнување (исто како што се истегнувате кога ќе станете од кревет), и во текот на денот повторете ја вежбата неколку пати за мускулите да ви останат опуштени.Иако најдобро би ви дошла масажа, голема е шансата да немате време за тоа, затоа ние ви нудиме еден брз начин со кој сами можете да ги решите работ



