Британските мажи плаќаат илјадници евра во потрага за совршени брадавици. Пластичните хирурзи им прават помали, порамни брадавици на машките пациенти.Некои мажи се одлучуваат за овој зафат откако изгубиле голем број килограми и брадавиците им се развлекле поради вишокот на кожа, додека други сакаат да си ги намалат брадавиците од естетски причини.
За оваа операција плаќаат 2.600 евра, и закрепнуваат по четири дена.
Џејарам Сринвасон од Ројал Престон болницата прашал 62 волонтери да проучат 100 фотографии од мажи за да гиодберат најпосакуваните брадавици.
Некои од моделите биле работници во болницата, а други биле спортисти. И двата пола гласале за симетрични брадавици кои се мали, рамни и малку потемни од бојата на кожата.
Идеалната брадавица исто така мора да биде округла или во облик на бадем како на Дејвид Бекам кој е пример на многу мажи кои се одлучиле за операција.
Здравствените институции во велика Британија извршуваат околу 40 вакви операции годишно.
„Со години пластичните операции биле поврзани исклучиво за жените и мажите не ни помислувале на тоа. Сметале дека тоа е за слаби луѓе. Но, сега тоа се смени и мажите сакаат да подобрат нешто на себе доколку можат да си го дозволат тоа“, рекол Сринвасон.
Операцијата трае 45 минути а оние кои се плашат да одат под нож, секогаш можат да се послужат со шминка за да ги направат визуелно помали своите брадавици.Некои мажи се одлучуваат за овој зафат откако изгубиле голем број килограми и брадавиците им се развлекле поради вишокот на кожа, додека други сака



