Обелената коса на Џорџ Клуни, брадата на Дејвид Бекам… доколку го земеме „најдоброто од најдобрите“, дали ќе го добиеме најубавиот маж на светот? И како тој би изгледал? Трансплантацискиот естетски центар, клиниката „Краун“ во Манчестер, анкетираше повеќе од илјада свои клиенти, за да направи фото-робот од најубавиот маж на планетава, пренесува „Дејли Телеграф“.
Постарите од 30 години со косата на Клуни и брадата на Бекам, треба да ги имаат очите на Бредли Купер, носот на Бред Пит и вилицата на Дејвид Ганди.
Анкетата покажа дека на постарите мажи подобро им стои густа брада отколку на младите, додека и во двата случаи, пожелно е да имаат сина боја на очи.
Хирургот Асим Шамалак од клиниката, изјави дека Дејвид Бекам и Џорџ Клуни се најголеми модели за неговите пациенти, воглаво вклучувајќи трансплатација на коса и брада.
Најпознати клиенти на клиниката „Краун“ биле Роби Вилијамс и Вејн Руни, кои јавно ја пофалија работата на д-р. Шамалак.Трансплантацискиот естетски центар, клиниката „Краун“ во Манчестер, анкетираше повеќе од илјада свои клиенти, за да направи фото-робот