Дали постојано вежбате на статички велосипед, а немате никакви резултати? Губењето на килограми е профитабилно и на нас постојано ни се нудат брзи решенија, во кои очајно веруваме. Според податоците на Marketdata Enterprises, Американците трошат повеќе од 60 милијардни долари годишно во обид да ги намалат килограмите. Пред да го испразните паричникот за да ве собере во вашата гардероба, ова се некои од вообичаените грешки кои треба да се избегнат. 1. Мислите дека постои побрз начин на слабеење
Ако постоеше магично апче за да ги симне килограмите, ние ќе живееме во свет без големи столчиња во чекалните и сигурносни појаси. Вистината е дека тешко се ослабнува. Потребен е фокус и посветеност во правење поздрави избори, иако често тоа се помалку пријатни опции. Екстрактот од зелен чај има свои ризици и несакани ефекти. Покрај тоа, губењето на повеќе од 3 килограми неделно по неколку недели може да ги зголеми вашите шанси за камен во бубрег, а диетата со внесување на помалку од 800 калории дневно во подолг период, може да доведе до сериозни срцеви проблеми.
2. Претпоставувате дека сите јаглехидрати се штетни за васЈаглехидратите се главен извор на енергија на вашето тело. Во последниве години, диетите со малку јаглехидрати се повеќе популарни, но резултатите најчесто се краткотрајни. Јадењето на сложени јаглехидрати како житариците богати со растителни влакна и интегралниот ориз,може да ви помогнат во губењето на килограми, со што ќе се чувствувате исполнети додека конзумирате помалку калории.
3. Мислите дека здравата исхрана чини многу пари
Додека мислите дека здравата исхрана чини поскапо, треба да се разгледаат повеќе фактори. Поевтино и полесно е да купите хамбургер и помфрит од локалните сендвичари, но ако инвестирате во здравјето може да заштедите во купување разни лекови во иднина. Наместо помфрит, исецкајте компир, полијте го со малку маслиново масло, додате сол и бибер и испечете го. Така сега имате храна со помалку калории, што е поевтина опција и нема да се изгуби ниедно од растителните влакна, што печениот компир ги содржи. Многу од луѓето веруваат дека суровиот зеленчук содржи повеќе хранливи материи од замрзнатиот или од тој во конзерва. Ова исто така не е точно и најчесто замрзнатиот или зеленчукот во конзерва е поевтина опција од свежиот.
4. Ги прескокнувате оброците
Вие мислите дека еден оброк помалку значи помалку внесени калории, но прескокнувањето на оброци може само да направи да јадете поголеми порции храна во понатамошниот тек на денот. Истражувањата покажаа дека луѓето кои појадуваат се послаби отколку оние кои го прескокнале првиот оброк во денот.
5. Не сметате на малите нешта
Малите нешта претставуваат додатоците, како преливите за салата, кремот во кафе, гвакамол сосот и двопекот. Ако сте свесни за состојките од кои е создадена вашата храна, тоа може да ви помогне да ги намалите калориите и заситените масти.
Формулата за ослабување е едноставна: количината на согорени калории треба да биде поголема од количината на внесени калории. Придобивките од одржување нормална тежина се: зголемена енергија, поголема самопочит и намален ризик од срцеви заболувања.1. Мислите дека постои побрз начин на слабеење
Ако постоеше магично апче за да ги симне килограмите, ние ќе живееме во свет без големи стол



