Похуваната храна или пржената е многу лош избор, затоа подобро е да се одлучите за печена храна.
За да живеете здраво посебно внимание морате да обрнете на исхраната. Списокот што никогаш не смеете да јадете е поголем за жените, бидејќи подразбира дека морате да бидете внимателни и за својата линија. Затоа на листата што не смеете да јадете, ќе додадеме алтернатива – што во краен случај би смееле дa изедете.1.Лош избор: Се што е пржено и похувано
Кога во ресторан ќе нарачате похуван кашкавал, веднаш закажете преглед кај кардиохирург.
Намирниците кои се похувани или пржени се најлош избор. Избегнувајте ги секогаш кога е можно.
Добар избор: Печено. Подготвувајте ја храната со што е можно помалку дополнителни маснотии.
2.Лош избор: Бел леб
Нутриционистите ширум светот се сложуваат дека составот на белиот леб е лош по здравјето на луѓето.. Од него нема никаква корист, освен што се таложат калории и килограми.
Добар избор:Интегрален леб со разни житарици. Организмот гледа на лебот како на зеленчук, а не како на скроб. Тоа ви овозможува да јадете сендвич со две кришки леб, а тоа да не се забележи на вашето тело.
3.Лош избор: Маргарин
Маргаринот не е квалитетна намирница бидејќи го крева нивото на лошиот холестерол, а истовремено го смалува добриот. Во него има чисти фабрички маснотии кои не му служат на вашиот организам за ништо.
Добар избор: Путер.
Иако е богат со заситени маснотии, путерот може да влијае позитивно на вашиот организам. Користете го во умерени количини.
4.Лош избор: Бел ориз
Во зрната на белиот ориз недостигаат влакна, витамин В, а доколку оваа намирница е честа на вашата трпеза, знајте дека само привремено ќе ви го засити чувството на глад.
Добар избор: интегрален ориз
Интегралниот ориз е три пати побогат со влакна, има витамин В и други хранливи состојки.
5. Лош избор: Бел шеќер
Белиот шеќер може комплетно да го ослабне вашиот систем за имунитет бидејќи влијае негативно на белите крвни зрнца. Освен тоа, ги оштетува забите и додава килограми со неверојатна брзина.
Добар избор: Темна чоколада и овошје
Не постојат диетални слатки, но затоа изберете темни чоколади во кои има поголем процент на како, потоа овошје и слатки со мед, кафеав шеќер. 1.Лош избор: Се што е пржено и похувано
Кога во ресторан ќе нарачате похуван кашкавал, веднаш закажете преглед кај кардиохирург.
На



