Уште еден во низата скандали во австриските затвори денес ги полни насловните страни на австиските дневни весници. Во озогласениот затвор Штајн во Австрија, во ќелија за интимни посети еден од затворениците ја силувал својата полусестра.Настанот се случил уште во фебруари 2013 година, но жената (43) дури неодамна поднела пријава. Се уште не е сигурно зошто дури сега одлучила да прозбори, но медиумите претпоставуваат дека се исплашила бидејќи нејзиниот полубрат требало да биде пуштен на слобода кон крајот на оваа година.
Жената во почетокот на фебруари со својот соприг отишла да го посети својот полубрат. Потоа, затвореникот ја замолил да се повлечат во ќелијата за интимни посети, за да поразговараат насамо за „семејните проблеми“.
Иако во секоја ќелија за посета, па и во ќелиите за интимна посета има копче за итна ситуација, а стражарите по секоја посета отвоерно прашуваат дали е се во ред, жената тогаш ништо не пријавила.
Сега изјавила дека молчела од страв дека нејзиниот полубрат би можел на и наштети нејзе и на нејзиниот сопруг, а по инцидентот повеќе не го посетувала. Полицијата и обвинителството започнале истрага.Настанот се случил уште во фебруари 2013 година, но жената (43) дури неодамна поднела пријава. Се уште не е сигурно зошто дури сега одлучила



