По десет години ја пронашле ќерката која ја однесе цунами

Иако се уште не е направена ДНК анализа Јамалиа е сигурна дека ја пронашла својата ќерка Раудатул Јанах (14)која исчезнала во цунамито 2004.Родителите кои во цунамито во 2004 година изгубиле две деца, тврдат, дека сега, десет години по трагедијата ја пронашле својата ќерка. Раудатул Јанах од Индонезија имала четири години кога ја однело цунамито. Настрадал и нејзиниот брат кој имал седум години. Родителите за последен пат ги виделе на 26 декември како се држат за парче дрво кое го однела водата. Нивната мајка Јамалиа (42) и таткото преживеале и ги барале децата месец дена. Не ги пронашле и претпоставиле дека нивните деца умреле. Во јуни оваа година помладиот брат забележал девојка која личи на Јанах. Семејството почнало да се распрашува. Дознале дека девојката ја однело цунами од провинцијата Ацех на оддалечени острови. Таму ја пронашол рибар, а девојчето го одгледало неговата мајка. Ја нарекле Вени. Родителите го посетиле рибарот и неговата мајка и после десет години повторно ја виделе својата ќерка.

„Сопругот и јас сме многу среќни, благодарни сме му на Бога што  ја пронајдовме нашата ќерка. Бев многу возбудена кога ја видов. Ја прегрнав и почнав да плачам“, изјавила Јамалиа.  Девојчето се вратило во своето семејство.
„Доколку било кој се сомнева подготвена сум да направам ДНК анализа  и на сите да им докажам дека тоа е моето дете. Но јас знаев  дека е таа во истиот момент кога ја видов“, вели мајктата
 Родителите кои во цунамито во 2004 година изгубиле две деца, тврдат, дека сега, десет години по трагедијата ја пронашле својата ќерка. Раудатул Јан

Пронајдете не на следниве мрежи: