Со нив светот е подобро место за живеење: Модерни руски витези штитат загрозени девојки!

Во Русија е основано здружение под името „Брат за сестра“, каде млади бесплатно во доцните вечерни часови ги испраќаат девојките дома без никаво додворување или романтика. Само ги штитат. Момче од здружението „Брат за сестра“ вели: Членовите на нашата група се наоѓаат со девојките за да ги испратат во доцните часови до дома или да им помогнат во решавање на некои проблеми. Нашето здружение нема политичка или верска конотација и основано е само за решавање на проблемите на општеството. 
На улица во опасност може да се најдат и млади и пензионери, но во големите градови мета на напад се девојките. Тие го знаат старото правило: ако се во друштво на мажи, веројатно никој нема да им пријде, но ако се сами или со другарка…Затоа девојките кои во доцните часови се враќаат дома често носат солзавец или некое слично средство за самоодбрана. А сега може да се обратат и кај овие волонтери. 
Ова здружение е основано пред повеќе од една година, а основач е 29-годишниот Денис Шотиков, кој во тој период бил тренер за јавање.
-Јавање тренираа главно млади девојки. Ги испраќавме дома затоа што не смеевме да ги пуштиме сами. Додека ги испраќавме слушнавме какви непријатности доживуваат тие на улица. Тогаш ми дојде идејата да им помогнам. 
-Луѓето се отуѓени и воопшто не посветуваат внимание едни на други. Ако нешто се случи никој нема да им помогне. А време е да се здружиме и да почнеме да ги штитиме послабите- вели тој. 

 

А пак правилата за да се влезе во ова братство се исклучително строги. Денис сите ги запознава лично и ги собира сите информации за нив.
-Затоа што сум основач одговорен сум за секој мој човек. До сега има 12 волонтери. Моравме да одбиеме само еден 14 годишен ученик на кој мајка му не му дозволи да биде дел од братството-вели.
Ова братство станало пример па така се формирале во сите градови уште 25 такви. 
 
-Нашите момци мора да приложат копија од лична карта. А меѓу волонтерите има и полицајци кои ги проверуваат податоците на кандидатите, пред се дали се осудувани. Се проверува и нивната физичка сила и кондиција, „братот“ не смее да пуши, пие или да се дрогира- вели тој. 
Вообичаено братството на ден добива по 10 барања за помош. Покрај вообичаеното „Ве молам испратете ме вечер“ девојките молат и за конкретна заштита „Поранешното момче ми се заканува, помогнете“. А се испоставило дека тоа е голе проблем. Затоа што во цела држава навистина има многу мажи или поранешни момчиња кои ги следат своите поранешни жени или девојки. 
Ама брзо се смируваат кога има кој да ги штити овие девојки. 
Па често средбите со ваквите граѓани лошо минуваат па затоа е потребна добра физичка подготвеност и потребен е тренинг. Главно тренирањето е бесплатно. А имаме и бензинска која ни помага па ако треба да се однесе девојката дома со автомобил горивото е гратис. 

 

И покрај се на витезите често им се поставува прашањето „Зошто тоа го правите“. А често и оние кои го поставуваат прашањето сами на себе си дават погрешен одговор
-Така се запознавате со девојки? А пак на Денис овие претпоставки му се смешни. Девојки може да запознаеме и на многу полесен начин. Бар денес тоа е лесно. Тој вели дека е женет и дека пред да го основа здружението разговарал со неговата жена. А вели дека исто така многу од волнитерите се оженети. 
На браќата често им се обраќаат и за необични молби како што е поправање на компјутер или пак некој друг дефект дома. Сепак волонтерите не може да ја исполнат секоја желба. 
Основачот на братството мисли дека многу ако не и сите мажи тежнеат кон тоа да бидат војници. Некои од нив своите желби се обидуваат да ги остварат дома, седејќи зад компјутер и играјќи воени игри, докажувајќи си ја силата на непостоечки непријатели, а оние вистинските непријатели зад вратата ја навредуваат нивната девојка, ќерка, мајка…„До кога ќе бидеме така пасивни?“ Тука нема што да се каже. Такви измислени херои не можат да се заштитат себе а не па да заштитат жена!Момче од здружението „Брат за сестра“ вели: Членовите на нашата група се наоѓаат со девојките за да ги испратат во доцните часови до до

Пронајдете не на следниве мрежи: