За овој вирус се шират голем број на дезинформации, па затоа за вас ќе ги откриеме само најбитните податоци. Што повеќе знаете, толку полесно ќе се заштитите.Ова се најчесто поставуваните прашања.
Што е еболата?
Ебола вирусот (вирус ебола) или еболски вирус, е вообичаен назив кој се користи за групата вируси кои му припаѓаат на видот Еболавирус (кој ѝ припаѓа на групата филовиридае), а предизвикуваат болести од групата на хеморагиската треска, ебола хеморагиска треска или вообичаено – ебола. Сѐ уште не е пронајден лекот. Геномот на еболата се состои од едночлена (негативна) РНК.
Каде настанала болеста?
Иако сосема не е сигурно каде настанала, вирусот и болеста го добиле називот по реката Ебола во Демократската Република Конго, каде што за прв пат била препознаена оваа болест. И тоа, во 1976 година, во болницата која ја воделе фламанските чесни сестри.
Кои се симптомите?
Симптомите на оваа болест се болки во мускулите, нагло покачување на температурата, зголемена слабост, болка во грлото и главоболка. Понекогаш симптомите се појавуваат по три недели, а често се верува дека станува збор за обичен вирус. Подоцна следи дехидрација која води кон оштетување на црниот дроб и бубрезите.
Како се лекува?
За жал, нема лек ниту вакцина. На заболените им се даваат лекови против болки и инфузија.
Кои се прогнозите?
Стапката на смртност е помеѓу 50-90%. Сѐ зависи од отпорноста на пациентот, брзината на дијагностификацијата, достапната нега…
Како се шири?
Преку контакт на телесните течности, што е многу проблематично кога станува збор за грижата на пациентот, бидејќи заболеното лице од ебола се мачи со повраќање, дијареа и потење. Еболата е специфична и по тоа што е вируозна дури и по смртта на пациентот, па оние кои го подготвуваат погребот мора да преземат дополнителни мерки за заштита.
Какви се податоците за сегашната епидемија?
Епидемијата е прогласена во Гвинеја, во март, а оттогаш се проширила во Нигерија, Либерија и Сиера Леоне. Забележени се 1.323 случаи на заболени, од кои починале 729 луѓе. Меѓу нив се наоѓаат 60 здравствени лица кои се обидувале да се грижат за пациентите.
Има ли причина за грижа?
Многу експерти тврдат дека во државите во кои има доволно развиена здравствена помош и нега, епидемијата не би можела да земе толкав замав.
Што се дознава за болеста?
Светската здравствена организација изјави дека еболата се шири пребрзо за да може да се запре, но се испраќаат 50 најдобри истражувачи во најпогодените подрачја, каде што во наредните 30 дена ќе се обидат да дознаат што е можно повеќе информации.
Како да се заштитите?
Да бидеме искрени, доколку завладее пандемија, тешко дека би можеле да се спасиме. Едноставно, треба да се држите што е можно подалеку од заболеното лице. Во случај некој ваш близок да е заболен, тој/таа мора да оди во карантин, во кој пристапот е овозможен само со специјализиран лекарски костим, кој го покрива апсолутно секој дел од телото.
Погледнете го видеото:
Ова се најчесто поставуваните прашања.
Што е еболата?
Ебола вирусот (вирус ебола) или еболски вирус, е вообичаен н



