„Болката беше неиздржлива, имав чувство како некој да ми пукал во глава. Цело време, дури и кога излегов од болница бев убедена дека умирам“, вели американската актеркаПознатата актерка Шерон Стоун во емисијата на Опра Винфри, раскажала како во 2011 година едвај преживеала излив во мозокот, и опишала што се и се случувало во текот на макотрпното закрепнување.
Шерон Вели дека по страшната болка, имала чувство како некој да и пукал во глава.
„Ја побарав мајка ми од Итната помош и и реков: `Мамо имам излив во мозокот’. Морав да учам да одам, да зборувам, да се сеќавам, се од почеток… Цело време, Дури и кога излегов од болница бев убедена дека умирам“, вели актерката и додава дека во наредните неколку години кога се и тргнало наопаку, сватила кои се позитивните страни од овој страшен настан.
„Тогаш си мислев дека кариерата ми е скоро завршена, дека повеќе немам семејство, се разведов, детето ми е земено и голем дел од мојот идентитет. Потонав. Се чувствував како феникс. Потполно изгорев, до пепел. Од она што некогаш бев, ништо не остана. Да изгубите се е како смрт но тоа не било толку негативно. Ова искуство за мене беше како нов почеток. Секоја смрт е ново раѓање“, заклучила Шерон Стоун.Познатата актерка Шерон Стоун во емисијата на Опра Винфри, раскажала како во 2011 година едвај преживеала излив во мозокот, и опишала што се и се с
Пронајдете не на следниве мрежи:



