Тест на крвта открива дали сте потенцијален самоубиец

Научниците откриле дека стресот предизвикува хемиска промена во генот SKA2  и дека луѓето со самоубиствени тенденции имаат пониско ниво на овој ген. Тестот на крвта така би им помогнал на докторите да предвидат ризик дека поединецот може да изврши самоубиство, како и следење на тие личности за да не си наштетат себеси.SKA2 генот се наоѓа во префронталниот кортекс на мозокот задолжен за инхибиција на негативните мисли и контрола на импулсивното однесување. Доколку го нема тој ген, или е намален, не доаѓа до потиснување на стресот и негативните мисли, а тоа може да доведе до самоубиство.
„Самоубиството денес е голем проблем. Докторите до сега биле блокирани во напорите за превенција бидејќи немале добар начин  до а предвидат постоењето  на ризик кај личностите кои се склони на тоа. Со овој нов тест можеби ќе можеме  ја намалиме стапката на самоубиствата така што однапред ќе ги идентификуваме тие луѓе и да интервенираме на време за да спречиме катастрофа“, вели професорот Закари Камински од Универзитетот  Џонс Хопкинс.

Истражувачите дошле до ова ново откритие споредувајќи ја мутацијата на генот SKA2 во примероци од мозокот на ментално заболени луѓе кои се самоубиле, и здрави луѓе кои се убиле.
Овој тест, велат истражувачите, е сигурен 80 проценти  кај личности со помала мутација на генот, и 90 проценти кај оние со поголем ризика за самоубиство.
 SKA2 генот се наоѓа во префронталниот кортекс на мозокот задолжен за инхибиција на негативните мисли и контрола на импулсивното однесување. Доколку

Пронајдете не на следниве мрежи: