Минатиот месец трагедија го погоди градот Тузла. Четиринаесетгодишно момче почина на 12 јули во Тузла, а сите обиди на вработените во службата за итна медицинска помош да му го спасат животот останале безуспешни.Здружението „Земја на деца“- Тузла упатило соопштение за јавноста во кое се наведени некои досега практично непознати факти за овој трагичен случај:
„Како здружение кое работи на заштита и помош на децата во опасност чувствуваме потреба да ја информираме и да ја предупредиме јавноста за случајот кој, неодамна ја потресе јавноста.
Се работи за смртта на малолетно момче од предозирање од психоактивни супстанци. Причината за на нашата реакција месец дена подоцна лежи во фактот дека не сакавме да го вознемируваме семејството во периодот на жалење.
Иако јавноста е информирана за трагедијата, имаме потреба детално да ги прикажеме условите за растењето на С.Р. кој е, можеме слободно да кажеме, жртва на државните институции за социјална заштита.
Како жртва на дисфункционално семејство и невниманието на одговорните, С.Р. го напуштил редовниот школски систем, се препуштил на скитништво и просење, со повремено конзумирање психоактивни супстанци. Од самиот почеток се следи развојот на ситуацијата. Во неколку наврати биле известени надлежните институции, поточно уште од 2012 година, да превземат грижа над детето и неговите браќа, и да ги сместат во соодветна институција за да ги тргнат од улица.
Минатата година С.Р. прв пат се предозирал со прекумерна количина психоактивни супстанци, и со навремена интервенција бил адекватно згрижен. Момчето одело на разговори за советување, и во повеќе наврати семејството било потпомогнато со еднократен паричен износ како и комплетен школски прибор за сите деца.
Во желбата детето да биде згрижено и заштитено, се реагирало и во надлежниот Центар за социјална работа. Во изминатите две години биле упатени низа дописи, молби и пријави за тешкиот живот на момчето и неговото семејство. За жал, немало соодветна реакција и овој трагичен епилог ни кажува дека навремената и соодветна реакција изостанала. Дали оваа институција ќе превземе било каква одговорност, искрено, не веруваме.
Се наметнува прашањето што ќе се случи со браќата на С.Р.? Дали надлежните институции и понатака само ќе ги набљудуваат ваквите случаи? Ни останува само да чекаме кога слична или полоша судбина ќе го снајде некое друго дете на улиците низ Тузла“, се вели во соопштението на Здружението „Земја на деца“.Здружението „Земја на деца“- Тузла упатило соопштение за јавноста во кое се наведени некои досега практично непознати факти за овој тра



