ЗА ВЛАКНО: Залетана секира им се забила во шофершајбната!

Да возеше автомобилот малку побрзо, совозачката не би останала жива, рекоа полицајците кои дошле на увид. Тие признале дека околностите на оваа случка се несекојдневни и дека не се сретнале со такво нешто во својата долгогодишна кариера.Скршеното стакло од шофершајбната не е реткост при несреќите, но ова е поинаков случај.
Возачот останал шокиран, а совозачката за влакно ја избегнала смртта, кога во шофершајбната им се забила секира која долетала од камионот за превоз на ѓубре кој возел пред нив.
Инцидентот се случил вчера, а полицајците не ја пропуштија шансата да го фотографираат призорот и да ја споделат сликата на Фејсбук.

Тие истакнале дека животот на совозачката го спасил фактот што автомобилот се движел со дозволена брзина од 65 km/h. Да возел малку побрзо, возачот ќе си имал други грижи, бидејќи би немало спас за неговата пријателка.
Возачот на камионот е казнет со 200 долари глоба, бидејќи не го осигурал товарот на камионот.
 

Post by Massachusetts State Police.
Скршеното стакло од шофершајбната не е реткост при несреќите, но ова е поинаков случај.
Возачот останал шокиран, а совозачката за влакно ја

Пронајдете не на следниве мрежи: